наука и технологија

Eксперти се обидуваат да ја пресметаат патеката на арктичкиот метеорит

Томас Кохут од одделот за физика на Универзитетот во Хелсинки изјави дека огнената топка која се појавила во четвртокот веројатно била метеорит

Ekip  | 18.11.2017 - Обновена : 19.11.2017
Eксперти се обидуваат да ја пресметаат патеката на арктичкиот метеорит

Kopenhagen

КОПЕНХАГЕН (АА) - Финските експерти прават се за да ја пресметаат патеката на огнената топка која на пет секунди го светна темното небо над арктичка Финска во настојување да пронајде небеско тело, пренесува Anadolu Agency (AA).

Томас Кохут од одделот за физика на Универзитетот во Хелсинки изјави дека огнената топка која се појавила во четвртокот веројатно била метеорит, и додаде дека изгледа оти тоа бил еден од најблескавите до сега.

Тој додаде дека наводниот метеорит предизвикал експлозија кога можела да се види во северна Норвешка и на рускиот полуостров Кола.

„Веруваме дека телото не се распаднало, туку дошло до далечниот агол на Финска“, рече Кохут.

Тој изјави дека секој план на потрага по метеоритот мора да се соочи со фактот дека моментално нема многу дневна светлина, по прецизно само четири часа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın