наука и технологија

Вирусот зика би можел да се користи за лекување тумор на мозокот

Научниците, кои инаку имаат тешкотии во лекувањето на глиобластомот, многу агресивен и раширен облик на тумор, сметаат дека вирусот зика би можел да ги уништи клетките кои се отпорни на хемотерапија.

Ekipa  | 06.09.2017 - Обновена : 07.09.2017
Вирусот зика би можел да се користи за лекување тумор на мозокот

New York

ЊУЈОРК (АА) - Вирусот зика би можел да ги уништи клетките на туморот во мозокот на возрасните луѓе, пренесува Anadolu Agency (AA).

Како што јавува „BBC“ (Би-би-си), во истражувањето на медицинските факултети на Универзитетите во Вашингтон и во Сан Диего, Калифорнија, користени се лабораториски глувци кои боледуваат од малиген тумор на мозокот, глиобластом.

За време на истражувањето било забележано дека вирусот зика кај глувците се бори против клетките на туморот и ги уништува, а притоа не им штети на здравите клетки.

Научниците, кои инаку имаат тешкотии во лекувањето на глиобластомот, многу агресивен и раширен облик на тумор, сметаат дека вирусот зика би можел да ги уништи клетките кои се отпорни на хемотерапија.

Деталите од истражувањето се објавени во весникот „Experimental Medicine“ (Експериментална медицина).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.