наука и технологија

Започна Меѓународниот саем за одбранбена индустрија „ИДЕФ 2017“ во Истанбул

На саемот учестуваат повеќе од 50 земји од светот, кои се претставени од околу 800 компании што работат на полето на индустријата за одбрана, безбедност, поморство, воздухопловство и вселена

Ekipa  | 09.05.2017 - Обновена : 10.05.2017
Започна Меѓународниот саем за одбранбена индустрија „ИДЕФ 2017“ во Истанбул İslam Yakut/AA

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Денес е отворен Меѓународниот саем за одбранбена индустрија „ИДЕФ 2017“ во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).

Во просториите на Саемскиот и конгресен центар на ТУЈАП во Истанбул е отворен „ИДЕФ 2017“, организиран од страна на Фондацијата за зајакнување на турските вооружени сили, чиј домаќин е Министерството за национална одбрана на Турција, а се спроведува под покровителство на Претседателството на Турција.

На саемот учестуваат повеќе од 50 земји од светот, кои се претставени од околу 800 компании што работат на полето на индустријата за одбрана, безбедност, поморство, воздухопловство и вселена. Покрај компаниите коишто имаат директна соработка со одбранбената индустрија, на саемот учествуваат и голем број производствени компании од другите индустриски гранки.

Турските водечки компании од одбранбената индустрија ги претставија своите производи.

АСЕЛСАН се претставува со најголем број производи во историјата на саемот, изложувајќи 317 свои производи. Компанијата се претстави на површина од околу 5.000 квадратни метри, поставувајќи го досега најголемиот штанд на ИДЕФ. АСЕЛСАН на својот штанд претстави поморски системи, воздухопловни системи, системи за противвоздушна одбрана, системи за крајбрежно-гранична одбрана, комуникациски системи, електронски системи за војување, електро-оптички системи и примероци поврзани со системите за оружје.

Меѓу производите на АСЕЛСАН што го привлекуваат вниманието се артилериските воздушни системи „Коркут“, за заштита од крстосувачки проектили, системи „ХИСАР“, за воздушна одбрана на ниска и средна надморска височина, „ИХТАР“, кој претставува антидрон-систем, како одговор на сѐ поголемата закана од дронови во последните неколку години, систем за управување развиен со цел да ги задоволи барањата на јавната безбедност во терористичките настани.

Меѓу копнените системи, во преден план се истакнуваат системите за контрола на тенковски гранатирања, системи за стабилизација на оружјето, модерни пешадиски системи, технологија на воена гардероба, беспилотни возила, електро-оптички системи.

Во категоријата воздухопловни системи, она што најмногу го привлекува вниманието се системите за таргетирање, системите за мултифунционален приказ, инертен систем за навигација, хеликоптерски и авионски кокпит, ласерски системи.

Меѓу поморските системи, интересот кај посетителите на штандот на АСЕЛСАН го привлекоа ВАТОЗ – систем за управување со сензори, торпеден систем и системи за лажни торпеда, електронски систем за војување наменет за подморници и радарски системи.

- Беспилотни летала – камиказе

Компанијата за одбранбена технологија и инженеринг, на овој саем ги претстави првите автономни дронови камиказе за надгледување. Турските инженери го развија овој оригинален производ, кој се карактеризира со супериорни тактички способности за борба и ќе се користи во борбата против тероризмот, како и за безбедносни операции.

Во блиска иднина, по завршувањето на тестирањата, се очекува да започне производството на дроновите „Алпагу“, „Каргу“ и „Тоган“, кои би требало оваа година да бидат подготвени за својата должност.

- Нова верзија на тенкот „Алтај“ -

Компанијата „Отокар“, на овогодишниот ИДЕФ ќе ја претстави новата верзија на тенкот „Алтај“. Ова возило е наменето како поддршка за мировни операции и привлекува големо внимание меѓу посетителите. „Отокар“ на ИДЕФ се претставува со вкупно 15 возила и системи за куполи.

- Многу новитети од ТУСАШ -

Турската воздухопловна и вселенска индустрија на саемот за првпат ги претстави својот оригинален хеликоптер „Т625“, борбениот авион „хуркаш“ и системот за оружена интеграција за беспилотни летала – АНКА. Заедно со овие производи, на саемот ИДЕФ 2017, турската воздухопловна и вселенска индустрија ги претстави и борбениот, извидувачки и тактички хеликоптер „T129 ATAK“, кој е веќе во редовите на турските воздухопловни сили.

Научно-технолошкиот истражувачки совет на Турција (ТУБИТАК) и Институтот за истражување и развој во одбранбената индустрија (САГЕ) го претставија заедничкиот проект на првиот национален ракетен проектил „Ѓокдоган“ и „Боздоган“. Се очекува нивниот развојот да заврши до 2019 година.

- Симулатор на хеликоптерот АТАК и блиндирани амбулантни возила -

На саемот е претставена и специјалната верзија на симулаторот за обука на пилоти за хеликоптерот АТАК. Овој симулатор во кој се вметнати сите можни ситуации во лет со хеликоптерот АТАК, покрај обуката во стандардни ситуации, ги содржи и вонредните ситуации што можат да се појават при лет или во случаи на несреќа, обучувајќи го пилотот да може да ги надмине сите проблеми со кои може да се соочи при летот.

На саемот, „Катмерџилер“ претстави и блиндирано амбулантно возило, во согласност со НАТО стандардите, кое поседува високо ниво на заштита од балистички проектили и нагазни мини, со погон на тркалата 4х4. На саемот, „Катмерџилер“ и АСЕЛСАН го претставија и својот заеднички проект ХИЗИР, кој претставува прво турско блиндирано возило со хибриден концепт.

- Нови проектили -

РОКЕТСАН, која е една од водечките компании во светот, во производството на ракетни и водени проектили, на саемот се прикажа со својата широка палета производи.

На штандот на РОКЕТСАН можеа да се видат ракетите КААН, TRG-122, TRG-300, а за првпат беше претставен и водениот проектил MAM-C.

Меѓу другите производи на оваа компанија, можат да се видат ракетите и проектилите SOM/SOM-J, TEBER, CIRIT, MAM-L, UMTAS/OMTAS/L-UMTAS.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.