наука и технологија

Истражување: И растенијата имаат мозок

Научниците спроведоа истражување коешто откри дека во ’ркулецот, или зачетокот на секое растение се наоѓаат клетки коишто дејствуваат како мозок и ги анализираат условите во околината...

Elvir Hocic  | 08.06.2017 - Обновена : 10.06.2017
Истражување: И растенијата имаат мозок

London

ЛОНДОН (АА) - Научниците од британскиот Универзитет во Бирмингем спроведоа истражување коешто откри дека и растенијата имаат мозок, односно дека во ’ркулецот, или зачетокот на секое растение се наоѓаат клетки коишто дејствуваат како мозок и ги анализираат условите во околината, па така диктираат кога семето ќе никне, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Одлуката кога ќе никне е најважната одлука за целиот животен век на секое растение. Доколку никне прерано, ќе настрада од студ, ако никне подоцна, ќе биде загрозено од другите растенија и ќе заостане во развојот“, се наведува во воведниот дел на елаборатот што научниците го објавија во списанието „PNAS“ (ПНАС).

Истражувањето покажа дека таа одлука за ’ртењето ја донесуваат малите клетки во ’ркулецот на растенијата, кои дејствуваат како мозокот кај луѓето и кај животните.

Таканаречениот „центар на одлучување“ кај растението од видот arabidopsis се состои од два вида клетки, првиот ја регулира состојбата на мирување на семето, а другиот го поттикнува ’ртењето.

„Тие две групи на клетки комуницираат меѓусебно со помош на подвижни хормони, кој е сличен аналоген механизам каков што се одвива и во мозокот на човекот при одлучувањето дали да мирува или да се движи“, се наведува во резултатите на истражувањето.

Водачот на истражувачкиот тим, Џорџ Бејсел изјави дека истражувањето е важно поради клучното раздвојување на елементите во ’ркулецот со цел да се утврди сигналот за почеток на ’ртењето.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.