наука и технологија

Истражување: Климатските промени негативно влијаат на квалитетот на сонот

Научниците од Универзитетот „Сан Диего“ во Калифорнија спроведоа истражување за влијанието на климатските промени на квалитетот на сонот на луѓето и на пропратните појави

Elvir Hocic  | 28.05.2017 - Обновена : 28.05.2017
Истражување: Климатските промени негативно влијаат на квалитетот на сонот

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Последните научни истражувања потврдија дека климатските промени негативно влијаат на човековиот сон и доведуваат до појава на хроничен умор, јавува Anadolu Agency (AA).

Предводени од Ник Обрадовиќ, научниците од Универзитетот „Сан Диего“ во Калифорнија спроведоа истражување за влијанието на климатските промени на квалитетот на сонот на луѓето и на пропратните појави како што се појавата на хроничен умор и лошото расположение.

Во истражувањето учествуваа 765.000 лица од сите делови на САД, а користени се бази на податоци за температурите на воздухот во период од 11 години.

„Нашето истражување покажа дека на нарушувањето на сонот не влијае само промената на температурата во просторијата во којашто човекот спие, туку дека квалитетот на сонот го нарушува и промената на климата, односно зголемувањето на температурата на воздухот на глобално ниво”, изјави Обрадовиќ за весникот „Science Advances“ кој ги објави резултатите од истражувањето.

Научниците тврдат дека зголемувањето на температурата предизвикано од климатските промени на Земјата е најопасно по човековиот сон за време на летото, кога трипати повеќе го нарушува сонот во однос на преостанатите годишни времиња.

Исто така, утврдено е дека сонот е повеќе нарушен кај лицата со помали приходи и кај лицата постари од 65 години. Луѓето кои повеќе заработуваат имаат трипати поквалитетен сон од оние со помали примања, а младите лица имаат двојно подобар сон од постарите.

„Истражувањето е спроведено во САД и немаме прецизни параметри за сонот во остатокот на светот, но претпоставка е дека е присутен истиот тренд и дека ситуацијата е уште полоша во топлите и сиромашни краеви”, изјави Обрадовиќ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın