наука и технологија

Капсулата Сојуз лансирана кон Меѓународната вселенска станица

Капсулата во која се наоѓаат рускиот космонаут Фјодор Јурчихин и американскиот астронаут Џек Фишер треба да слета на Меѓународната вселенска станица по шестчасовно патување

Aliia Raimbekova  | 20.04.2017 - Обновена : 20.04.2017
Капсулата Сојуз лансирана кон Меѓународната вселенска станица

Astana

АСТАНА (АА) - Од космодромот „Бајконур“, во Казахстан, кон Меѓународната вселенска станица (ИСС) денес е лансирана капсулата Сојуз, во која се наоѓа човечки екипаж, пренесува Anadolu Agency (AA).

Новинската агенција „Казинформ“ јавува дека капсулата во која се наоѓаат рускиот космонаут Фјодор Јурчихин и американскиот астронаут Џек Фишер е лансирана во 13.13 часот по локално време.

Се очекува капсулата по шест часа да слета на Меѓународната вселенска станица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.