наука и технологија

Кина: Роботот со вештачка интелигенција ги победи луѓето

Роботот „Вангзаи“ ги победи своите противници и го освои првото место во квизот на знаење, на кој учествуваше и едно лице дипломирано на „Харвард“

Tevfik Durul  | 08.02.2017 - Обновена : 09.02.2017
Кина: Роботот со вештачка интелигенција ги победи луѓето

Beijing

ПЕКИНГ (АА) – Во еден популарен квиз на знаење во Кина, роботот со вештачка интелигенција ги победи своите противници – луѓе и го освои првото место во овој натпревар, јавува Anadolu Agency (AA).

Роботот со вештачка интелигенција „Вангзаи“, кој е развиен од страна на кинескиот интернет-пребарувач Согоу, учествуваше на квизот на знаење „Јиџан даоди“, кинеска верзија на американскиот квиз „Кој уште стои?“.

„Вангзаи“ го привлече вниманието на луѓето со својата способност за складирање голема количина на информации, како и со способноста за имитирање на човечките гестови, а од друга страна, со победата над своите противници луѓе, меѓу кои е и едно лице дипломирано на „Харвард“. „Вангзаи“ стана добитник на големата награда.

Роботот брзо ги разбираше поставените прашања на квизот и веднаш одговараше на тие прашања, и со тоа доби огромен аплауз од страна на публиката.

Од технолошката компанија што го развива роботот истакнаа дека роботот „Вангзаи“ за неколку милисекунди ги одговори поставените прашања благодарение на своите карактеристики за независна анализа, брзо разбирање и регирање.

Исто така, и роботот со вештачка интелигенција „Сиаоду“, кој е развиен од страна на најголемата компанија за интернет-пребарување во државата, Баиду, минатиот месец ги победи своите противници – луѓе во еден експеримент каде што беа тестирани способностите за препознавање на човечко лице и на човечки гласови.

Технолошките компании во Кина во последниве години интензивно работат за да бидат меѓу водечките компании во светот во областа на вештачката интелигенција.

Според извештајот на Светската интернет конференција, минатата година биле инвестирани 2,6 милијарди долари за проектите за развивање на вештачката интелигенција во државата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın