наука и технологија

НАСА октри услови за живот на месечина на Сатурн

Научниците открија теорија дека Енцелад содржи огромен океан од вода во течна состојба под ледената површина, но новите истражувања покажуваат дека Месечината можеби има локации слични на живеалишта на Земјата

Barry Eitel  | 14.04.2017 - Обновена : 15.04.2017
НАСА октри услови за живот на месечина на Сатурн

California

САН ФРАНЦИСКО (АА) - Научниците од НАСА открија клучни состојки за живот во гејзери на површината на месечина на Сатурн, Енцелад, соопштија од вселенската агенција вчера, јавува Anadolu Agency (AA).

Податоците беа собрани од страна од вселенското летало Касини, кое орбитира околу Сатурн од 2004 година. Научниците открија теорија дека Енцелад содржи огромен океан од вода во течна состојба под ледената површина, но новите истражувања покажуваат дека Месечината можеби има локации слични на живеалишта на Земјата.

Научниот труд од истражувачите од мисијата Касини укажува на водороден гас кој се влева во подземниот океан на Енцелад од хидротермална активност на морското дно. Гасот ја загрева водата и може да обезбеди извор на енергија за микробиолошки живот - некои суштества кои живеат длабоко во океаните на Земјата преживуваат во неверојатно слична животната средина.

Ова истражување кое е објавено вчера во списанието Наука (Science) е спроведено од страна на НАСА, Универзитетот Корнел и Универзитетот Џон Хопкинс.

„Ова е најблиското нешто до кое досега сме стигнале, а може да се идентификува како место каде постојат некои од состојките кои се потребни за една населива средина“, рече Томас Зуберухен, соработник администратор на НАСА дирекцијата за научни мисии со седиште во Вашингтон.

„Овие резултати демонстрираат меѓусебнa поврзаност на научните мисии на НАСА кои нѐ приближуваат поблиску до одговорот на прашањето дали ние сме навистина сами или не.“

Леталото Касини откри водород во столбот од гас и леден материјал кој се распрскува од Енцелад за време на неговото последно, и најдлабоко, нурнување преку облаци во октомври 28, 2015.

Водородот, водата во течна состојба и доказот за геотермално затоплување сега го прават Енцелад најверојатен кандидат за барање на вонземски живот во Сончевиот систем, велат научниците.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın