наука и технологија

Норвешка добива над 96 отсто од електричната енергија од вода

Земјата произведува електрична енергија од хидроцентралите, со користење топлинска енергија и од енергијата на ветерот.

Murat Temizer  | 06.04.2017 - Обновена : 07.04.2017
Норвешка добива над 96 отсто од електричната енергија од вода AA/Aрхива

Oslo

ОСЛО (АА) - Норвешка во февруари оваа година доби 96,3 отсто од вкупната електрична енергија преку производството на хидроцентралите, соопшти Заводот за статистика на Норвешка, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според официјалните податоци, оваа скандинавска земја во февруари годинава произведе 13,1 гигават-часови (GWh) електрична енергија, што е за 6,6 отсто помалку отколку во февруари минатата година.

Земјата ја произведува електричната енергија преку работата на хидроцентралите, со користење на топлинска енергија и од енергијата на ветерот.

Жителите на Норвешка во вториот месец од оваа година потрошија 11,7 гигават-часови електрична енергија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın