наука и технологија

Откриена нова планета со големина на Земјата

Во опсерваториумот Ла Сила (La Silla) во Чиле, со помош на Високопрецизниот радар за откривање на планетите (HARPS), откриена е нова планета на далечина од 11 светлосни години

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 15.11.2017 - Обновена : 16.11.2017
Откриена нова планета со големина на Земјата АА/Архива

Ankara

АНКАРА (АА) - Во опсерваториумот Ла Сила (La Silla) во Чиле, со помош на Високопрецизниот радар за откривање на планетите (HARPS), откриена е нова планета на далечина од 11 светлосни години, пренесува Anadolu Agency (AA).

Како што објави „BBC“ (Би-би-си), планетата којашто е втора најблиска надворешна планета до Земјата, а е голема колку Земјата, именувана е „Ross 128 b“.

Нагласено е дека планетата „Ross 128 b“ околу ѕвездата се врти на 20 пати поблиско растојание во однос на она меѓу Земјата и Сонцето. Исто така, наведено е дека планетата, со оглед на тоа што е помала и помалку светла од Сонцето, изложена е на поблага радијација од Земјата.

Астрономите претпоставуваат дека температурата на површината на планетата „Ross 128 b“ е со слична температура на површината на Земјата, и дека во однос на „Proximа b", која е најблиска надворешна планета на Земјата, има услови што повеќе одговораат за живот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın