наука и технологија

Првата пренаменета капсула на „SpaceX“ се врати на Земјата

Леталото успешно ја заврши својата мисија за снабдување на Меѓународната вселенска станица, за првпат по 2014 година

Barry Eitel  | 04.07.2017 - Обновена : 05.07.2017
Првата пренаменета капсула на „SpaceX“ се врати на Земјата АА/Архива

California

КАЛИФОРНИЈА (АА) - Капсулата на „SpaceX“ (Спејс икс) вчера се врати на Земјата, паѓајќи во водите на Тихиот Океан. Тоа е всушност првото вселенско летало што е пренаменето за пренесување товар кон Меѓународната вселенска станива (ISS), јавува Anadolu Agency (AA).

Компанијата влезе во историјата кога нејзината капсула „Драгон“ слета во водите покрај калифорснискиот брег околу 5 часот наутро по локално време. Леталото успешно ја заврши својата мисија за снабдување на Меѓународната вселенска станица, за првпат по 2014 година.

„Успешното слетување на 'Драгон' е потврдено, со што заврши првиот повратен лет на комерцијалното вселенско летало кон и од вселенската станица“, објави компанијата на „Twiter“ (Твитер), кратко по слетувањето на капсулата.

Тоа го поздрави компанијата „SpaceX“, која долго се залагаше за продолжено користење на вселенските летала. Со пренамена на капсулите, вселенските агенции можат да заштедат милиони долари секоја година.

Капсулата беше лансирана на почетокот од јуни и помина 36 часа во вселената пред да се припои за меѓународната вселенска станица. Леталото остана во припоено за вселенската станица околу еден месец, додека астронаутите ги истовараа потребните резерви и опрема.

Астронаутите потоа ја наполнија капсулата со предмети што требаше да се транспортираат назад на Земјата. Вчера, во раните утрински часови, капсулата се одвои од Меѓународната вселенска станица и за околу пет часа падна на површината на Земјата.

„Го поздравувам тимот по повод успешното слетување и големата мисија!“, објави на Твитер астронаутот на НАСА, Џек Фишер, покрај фотографијата од капсулата.

Слетувањето на капсулата исто така е и првото успешно слетување во темнина на летало што го има направено „SpaceX“.

Леталото потоа е пренесено до седиштето на „SpaceX“, во близина на Лос Анџелес. НАСА ќе ја проучува содржината на товарот испратен од страна на астронаутите на Меѓународната вселенска станица (ISS).

Вселенската агенција соопшти дека ќе расчисти дел од вратениот товар, вклучувајќи ги и примероците за истражување и користениот хардвер, од микроби познати како екстремофили (бактерии и габи кои можат да се населат во екстремни услови), а се наоѓаат на ISS.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.