наука и технологија

Пронајдени фосили од пеперутки стари милиони години

Научниците од Универзитетот во Утрехт, Холандија, откриле „многу добро сочувани“ пеперутки и фосили на молци во карпа од Хановер, Германија, за кои велат дека се стари милиони години

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 11.01.2018 - Обновена : 11.01.2018
Пронајдени фосили од пеперутки стари милиони години

Ankara

AНКАРА (AA) - Фосили од пеперутки и молци се пронајдени во карпа што останала од пред милиони години, пренесува Anadolu Agency (АА).

Научниците од Универзитетот во Утрехт, Холандија, откриле „многу добро сочувани“ пеперутки и фосили на молци во карпа од Хановер, Германија, за кои велат дека се стари милиони години.

Се наведува дека фосилите на некои пеперутки и молци што се откриени припаѓаат на вид кој денес сѐ уште постои, и има долг јазик сличен на пипетата.

Д-р Бас ван де Шотбруг, од истражувачкиот тим, изјави дека еволуцијата на овој вид пеперутки започнала пред околу 70 милиони години. „Нашите наоди покажаа дека овој вид за кој се претпоставува дека еволуирал заедно со цвеќињата, всушност е многу постар“.

Во периодот Јура, пред околу 205 милиони до 142 милиони години, голосемените растенија како што се четинарите доминирале во светот. Се верува дека примитивните инсекти се хранеле нектарот од овие растенија, додека не се појавиле првите цветни растенија пред 130 милиони години.

Деталите за откритието се објавени во списанието „Science Advances“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın