наука и технологија

Редовните и повремени пушачи со ист ризик од зголемен крвен притисок

Бернадет Мелник, професорка на Универзитетот во Охајо, соопшти дека истражувањето убедливо покажало оти ризикот од зголемен крвен притисок и од холестерол не се разликува кај редовните и кај повремените пушачи

Elvir Hociç  | 08.05.2017 - Обновена : 09.05.2017
Редовните и повремени пушачи со ист ризик од зголемен крвен притисок

San Francisko

САН ФРАНЦИСКО (АА) - Последните истражувања на научниците на американскиот Универзитет во Охајо покажаа дека редовните пушачи и оние кои само повремено консумираат цигари се исложени на истиот ризик од зголемен крвен притисок и зголемен холестерол во крвта, пренесува Anadolu Agency (AA).

Опсежното истражување е спроведено низ САД од февруари 2012 до февруари 2016 година, а резултатите од истражувањето се објавени на научниот портал American Journal of Health Promotion (Американско списание за промоција на здравјето).

Тоа е прво научно истражување што директно се однесува на ризикот од нарушување на крвниот притисок и холестеролот во крвта поради пушењето, а тоа се двете главни причини за кардиоваскуларни заболувања и најчеста причина за смрт кај луѓето во светот.

Во истражувањето се вклучени речиси 40.000 луѓе, меѓу кои 17 отсто од испитаниците изјавиле дека се редовни пушачи, а десет отсто од нив дека понекогаш консумираат цигари, но не секој ден.

Високиот крвен притисок е проблем што го имаат 75 отсто од редовните и повремените пушачи, а 54 отсто од двете групи имаат зголемено ниво на холестерол во крвта.

Бернадет Мелник, професорка на Универзитетот во Охајо, соопшти дека истражувањето убедливо покажало оти ризикот од зголемен крвен притисок и од холестерол не се разликува кај редовните и кај повремените пушачи.

„Значаен процент од луѓето во одредени социјални ситуации консумираат цигари и ова истражување е важно од аспект на луѓето да им се докаже дека повременото пушење носи исти здравствени ризици како и секојдневното пушење, кое стана зависност“, рече Мелник.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.