наука и технологија

Рециклираниот „Galaxy Note 7“ ќе се продава во Јужна Кореја

Компанијата од Јужна Кореја соопшти дека „Galaxy Note FE“, со користење на деловите на повлечените телефони, ќе биде пуштен на пазарот во Јужна Кореја во петок

Ekipa  | 02.07.2017 - Обновена : 03.07.2017
Рециклираниот „Galaxy Note 7“ ќе се продава во Јужна Кореја

Seul

СЕУЛ (АА) - „Samsung Electronics“ (Самсунг електроникс) најави дека повлечените телефони, а потоа и рециклираните мобилни апарати „Galaxy Note 7“ повторно ќе ги продаде на почетокот на оваа недела, јавува Anadolu Agency (AA).

Компанијата од Јужна Кореја соопшти дека „Galaxy Note FE“, со користење на деловите на повлечените телефони, ќе биде пуштен на пазарот во Јужна Кореја во петок по цена од 611 американски долари, што е околу три четвртини од оригиналната цена.

„Note 7“, еден од најскапите модели на „Samsung“, повлечен е двапати пред една година поради, како што беше наведено, прегревање на батеријата и можност од запалување.

Авиокомпаниите од целиот свет го забранија овој модел на телефон на летовите, а „Samsung“ за тоа потроши милијарди долари за да го повлече и поправи. Компанијата како проблем го наведе дизајнот и производството на батеријата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın