образование

Амбасадорката Кара го честиташе Денот на образование на турски јазик

Амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, преку писмено соопштение упати честитки по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик во Македонија до турската заедница што живее во Македонија

Ekip  | 21.12.2016 - Обновена : 22.12.2016
Амбасадорката Кара го честиташе Денот на образование на турски јазик

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – Амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, преку писмено соопштение упати честитки по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик во Македонија до турската заедница што живее во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

Кара упати честитки за 21 Декември – Празникот на наставата на турски јазик, кој според неа е резултат на заедничкиот труд на турските сонародници во Република Македонија, и посака овој празник да биде важна можност турските сонародници да бидат во единство и заедништво и да влијаат за посветла иднина за идните генерации.

Амбасадорката рече дека последните настани во Турција, како што беа терористичките напади во Истанбул и во Кајсери, и атентатот на рускиот амбасадор во Анкара, беа причини за откажување на предвидените активности за празникот на наставата на турски јазик.

„Му се заблагодарувам на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) за анулирање на активностите на 21 Декември поради наведените жални настани и за солидарноста што ја покажа со нашата земја и со нашиот народ“, истакна Кара.

На крајот, амбасадорката Кара уште еднаш испрати честитки за Празникот на наставата на турски јазик и рече дека е убедена оти овој заеднички празник ќе продолжи да се слави секогаш во празнична атмосфера.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.