образование

Најуспешните студенти на ИБУ го посетија новиот кампус

Најуспешните студенти во академската 2016/2017 година на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) одржаа средба со претседателот на Управниот одбор на Универзитетот и со ректорот на ИБУ

Dzihat Aliju  | 25.05.2017 - Обновена : 26.05.2017
Најуспешните студенти на ИБУ го посетија новиот кампус Vedat Abdul/AA

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Најуспешните студенти во академската 2016/2017 година на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) одржаа средба со претседателот на Управниот одбор на Универзитетот, Хусејин Бурге, и со ректорот на ИБУ, проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу, јавува Anadolu Agency (AA.

На средбата, шестемина најуспешни студенти од катедрите на коишто студирале, како и најуспешната студентка на академската 2016/2017 година, зборуваа за своето патување во текот студиите. Од друга страна, Бурге пред студентите околу универзитетот од неговото основање, истакна дека на најуспешните студенти на универзитетот ќе им бидат доделени стипендии за постдипломски студии.

Потоа Бурге, Коџајусуфоглу и студентите го посетија новиот кампус, каде што се очекува да се одвива образовниот процес од наредната академска година.

Бурге во својата изјава за медиумите потсети дека со присуство на турскиот министер за образование, Исмет Јилмаз, успешно ја организирале церемонијата за дипломците.

Тој истакна дека со најуспешните студенти од оваа академска година го посетиле новиот кампус, и нагласи дека кампусот оставил добар впечаток кај студентите.

ИБУ, кој се наоѓа во срцето на Балканот, како што рече Бурге, оваа година ја организира седмата церемонија за дипломираните. „Нашиот повик за сите млади е да доаѓаат и да студираат тука на англиски јазик. Можете да дојдете на универзитетот којшто е акредитиран од ЈОК (Советот на високото образование на Турција)“, вели Бурге.

Меѓу другото, ректорот Коџајусуфоглу го изрази своето задоволство од дипломирањето на седмата генерација, и истакна дека оваа година ја одбележуваат 10-годишнината од основањето на универзитетот.

Тој им честиташе на студентите кои успеаја да го исполнат слоганот на универзитетот, кој вели: „Ние ги едуцираме лидерите на иднината“.

Студентката од Бујановац, Бесмира Селими, вели дека успешно дипломирала на катедрата по англиски јазик и американски студии.

Истакнувајќи дека била избрана за најдобра студентка на академската 2016/2017 година, таа им се заблагодари на сите кои ѝ дале можност да ги постигне своите цели.

Исто така, Селими изрази благодарност до Турција за иницијативата за подобрување на ваквата ситуација (образованието) на Балканот. „Многу сум среќна поради тоа што овој универзитет беше избран за најдобар во областа на образованието од страна на Шангајското рангирање, кое е една светска институција. Исто така, за мене претставува задоволство да ги повикам сите што сакаат да го остварат својот сон, како и го научат англискиот јазик, да студираат тука“, истакна Селими. 

Таа додаде дека сака да продолжи со своето образование до докторските студии, и да придонесе за родното место.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.