образование

Остварување на образовните права во разнолики општества

„Квалитетното учење треба да служи како одличен инструмент со кој што ќе се обезбеди социјална инклузија на сите групи во образовниот процес", рече министерот Љутфиу.

Ivana Ramadanova  | 01.11.2016 - Обновена : 02.11.2016
Остварување на образовните права во разнолики општества (Vedat Abdul - Anadolu Agency)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Денеска во Скопје започна дводневната сесија на тема „Остварување на образовните права во разнолики општества“, со цел ефикасно остварување на образовните права за сите заедници и еднаков пристап кон интегрирано и квалитетно образование, јавува Anadolu Agency (AA).

Според организаторите, ова се клучните компоненти коишто гарантираат еднакви можности за сите што ги негуваат меѓуетничките односи и зголемената социјална кохезија.

На отворањето на пленарната сесија, поздравно обраќање имаше шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен, која меѓу другото истакна дека правата за образование се од исклучителна важност, затоа што тие гарантираат еднакви можности за сите заедници и даваат услови за изградба на поквалитетни етнички односи

„Пред 20 години, високиот комесар за малцински прашања ги објави овие препораки како основен документ што требаше да даде насоки за развој на понатамошните образовни политики. Релевантноста на Хашките препораки лежи во суштината и важноста во образовниот процес, којшто треба да биде достапен за секого. Минатите години беа направени многу чекори напред за консолидирање на образовниот систем во земјата во согласност со овие препораки. Но останаа одредени прашања коишто треба да се решат од страна на надлежните институции и сите засегнати страни. Тука спаѓа здружувањето на учениците што го поминуваат образовниот процес на различни јазици“, истакна амбасадорката Суомалаинен.

Според министерот за образование и наука, Пиштар Љутфиу, ваквата инклузивна образовна практика овозможува и обезбедува услови коишто ќе бидат гарантирани за сите студенти и ученици, со што ќе се обезбеди максимален капацитет и потенцијал за сите, без разлика на културолошкото или етничкото потекло, односно ќе се емилинираат сите можни дискриминаторни политики врз основа на пол, раса или етничко потекло.

„Квалитетното учење треба да служи како одличен инструмент со кој што ќе се обезбеди социјална инклузија на сите групи во образовниот процес. Во тој контекст, интеграцијата и инклузијата се динамични фактори коишто ќе доведат до ефикасно учество на сите членови од општеството, и на националнио и на локално ниво“, рече министерот Љутфиу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.