образование

Промовиран Извештајот за учеството на децата во одлучувањето

Бајрамовска-Мустафа соопшти дека одвкупно 17 средни училишта во Скопје, само 10 од нив дозволуват учество на децата во одлучувањето

Besar Ademi  | 17.11.2016 - Обновена : 18.11.2016
Промовиран Извештајот за учеството на децата во одлучувањето Васка Бајрамовска-Мустафа, заменик на Народниот правобранител (Бесар Адеми/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Секторот за заштита на правата на децата и лицата со посебни потреби при Народниот правобранител на Република Македонија, го промовираше Посебниот извештај за ситуацијата со почитувањето и реализацијата на правото за учество на децата во одлуките во средните училишта на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Извештајот го промовираше заменик на Народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.

Извештајот е подготвен по извршеното истражување во текот на втората половина од учебната 2015/2016 година во согласност со податоците од конкурсот за запишување во државните средни училишта. Во извештајот се вклучени сите средни училишта, вклучувајќи ги и училиштата за децата со посебни потреби.

Бајрамовска-Мустафа соопшти дека од 103 средни училишта на целата територија на Македонија, само во 25 од нив децата се вклучени во донесување на одлуките. Таа додаде дека од вкупно 17 средни училишта во Скопје, само 10 од нив дозволуват учество на децата во одлучувањето, додека во Кавадарци кадешто има три средни училишта, во ниту едно од нив не се дозволува вклучувањето на децата во одлучувањето.

„Анализите на прашалниците добиени од 103 средни училишта во Македонија ја потврдува констатацијата дека не е законски уредено учеството на децата во донесувањето одлуки. Она што го утврдивме ние од анализите на законот за средно образование е дека учениците, нивните родители или нивните старатели имат можност да на некој начин учествуват само во форма на поднесување на приговор, и тоа во три случаи. Во случај кога треба да приговараат или не се задоволни од оценката што ја добиваат на крајот од гоината, во случај на резултатите од екстерното проверување на знаењето, или учеството на децата за изречена педагошка мерка", изјави Бајрамовска-Мустафа.

Повикувајќи се на членот 12 од Конвенцијата за правата на децата кој го гарантира учеството на децата во одлучувањето Мустафа истакна дека ова ја обврзува државата секогаш да му даде можност да детето да ги искаже своето мислење кога се во прашање одлуките кои се однесуваат на него.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.