образование

Турција: Албанскиот и босанскиот јазик ќе станат изборни предмети во училиштата

Материјалите и програмите за изборните предмети по албански и босански јазик ќе бидат подготвени од страна на Универзитетот „Тракија“

Salih Baran  | 21.10.2016 - Обновена : 22.10.2016
Турција: Албанскиот и босанскиот јазик ќе станат изборни предмети во училиштата

Edirne

ЕДРЕНЕ (АА) - Следната година, во училиштата во Турција албанскиот и босанскиот јазик ќе бидат изборни предмети. Материјалите и програмите за изборните предмети по албански и босански јазик ќе бидат подготвени од страна на Универзитетот „Тракија“ (ТУ), јавува Anadolu Agency (AA).

Џем Генчоглу, генералниот директор за основно образование на Министерството за национално образование, во салата за конференции на ректоратот каде што се одржа церемонијата за потпишување на протоколот објави дека од следната година, почнувајќи од петто одделение, во наставната програма ќе бидат ставени и изборните предмети по албански и босански јазик.

Истакнувајќи дека програмата и материјалот за предметите на албански и босански јазик ќе бидат подготвени од страна на Универзитетот „Тракија“, Генчоглу рече: „Ние албанскиот и босанскиот јазик не ги гледаме како странски јазик. Тоа се јазици коишто ја чинат врската на нашата заедничка цивилизација. Во Босна и Херцеговина околу 6.000 босански ученици учат турски јазик. И ние велиме нашите деца да можат ним да им кажат ‘Добро дошли’, нека го научат основното ниво. Се надевам дека од наш аспект, ова ќе се смета како една средба на културите“.

Ректорот на Универзитетот „Тракија“, проф. д-р Ерхан Табакоглу рече дека како универзитет, нивната мисија за проширување ќе биде Балканот. Во овој контекст, тој рече дека за нив претставува гордост што подготвката на наставната програма на наведените јазици ќе биде извршена од страна на нивниот универзитет.

Потоа се премина кон потпишување на протоколот од страна на Генчоглу и Табакоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.