политика

„Македонија е посветена на градење добрососедски односи со Република Србија“

„Новата Влада на РМ е цврсто посветена и презема интензивни чекори во насока на решавање наспроти создавање проблеми, унапредувајќи ги добрососедството, соработката и партнерството со Р. Србија“

Admir Fazlagic  | 21.08.2017 - Обновена : 22.08.2017
„Македонија е посветена на градење добрососедски односи со Република Србија“

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – Откако вчера амабасадата на Србија во Скопје го извести Министерството за надворешни работи на Република Македонија дека го повлекува персоналот на амабсадата на консултации во Белград, денеска Владата на Република Македонија преку писмено соопштение порача дека Македонија е посветена на градење на добрососедски односи со Србија, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Република Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји“, се вели во соопштението.

„Новата Влада на Република Македонија е цврсто посветена и презема интензивни чекори во насока на решавање наспроти создавање проблеми, унапредувајќи ги добрососедството, соработката и партнерството со Република Србија, како и со другите земји од опкружувањето. Убедени сме дека тоа е единствениот начин регионот одлучно да зачекори напред”, се нагласува во соопштението и се додава дека Владата на Република Македонија ги поздравува најавите на офиицијален Белград за заштита на пријателските односи.

„Во врска со конкретниот случај, не носејќи избрзани заклучоци, ги поздравуваме најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки”.

Денес, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека амбасадорката и службениците на амбасадата на Србија во Скопје се повлечени во Србија бидејќи имаат информации за „многу офанзивно разузнавачко делување против органите и институциите на Србија“. Тој рече дека доказите за тоа надлежните органи му ги презентирале нему и на Владата на Србија, но дека Србија ќе продолжи да развива пријателски односи со Македонија.

Вучиќ додаде дека за седум до 10 дена сѐ ќе биде вообичаено.

Исто така, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека дел од персоналот на српската амбасада во Македонија ќе се врати следната недела во Скопје, а дека амбасадорката Душанка Дивјак Томиќ ќе се врати кога ќе завршат консултациите во Белград

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın