политика

„Претседателот нема право на личен став за мандатот и мора да го почитува Уставот"

Според Села, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов е должен да го почитува Уставот и да го даде мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од минимум 61 пратеник

Ivana Ramadanova  | 21.03.2017 - Обновена : 22.03.2017
„Претседателот нема право на личен став за мандатот и мора да го почитува Уставот"

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Решавањето на моменталната криза која зема се поголем замав во државата може да се реши преку институционален пат, изјави лидерот на Алијансата за Албанците, Зијади Села, по средбата со комесарот Јоханес Хан и европратениците, јавува Anadolu Agency (AA).

„На ова општество му е потребна дебата. Сите оние кои се против оваа форма, не се ништо друго освен анархисти кои го ризикуваат спокојството на граѓаните на државата", изјави Села.

Според Села, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов е должен да го почитува Уставот и да го даде мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од минимум 61 пратеник.

„Она што Хан го даде како насока е што побрзо формирање на влада и продолжување по патот на евроинтеграциите. Претседателот може да има стотици лични ставови, но како претседател тој нема право на личен став за мандатот и мора да го почитува Уставот", додаде Села.

На прашањето дали еврокомесарот Хан разговарал за можни санкции доколку Иванов не го додели мандатот, Села вели дека за тоа прашање е потребно да се разговара со креаторите на оваа криза, додавајќи дека тој лично побарал од Хан, Европската Унија да не крева раце од Македонија. 



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.