политика

„Само со дијалог е можно да се намали напнатоста на Корејскиот полуостров"

„Во текот на Корејската војна загубивме два милиони луѓе. Околу 10 милиони луѓе се разделени од своите сопруги, мајки, татковци, браќа. Не сакаме повторно да се соочиме со таква трагедија", рече Ли

Tevfik Durul  | 21.10.2017 - Обновена : 22.10.2017
„Само со дијалог е можно да се намали напнатоста на Корејскиот полуостров"

Seoul-t ukpyolsi

СЕУЛ (AA) – Тевфик Дурул -

Генералниот секретар на Здружението на турско-корејското пријателство проф. др. Ле Хи Со говорејќи за напнатоста со Северна Кореја, порача дека народот на полуостровот повеќе не сака војна, како и дека напнатостите нема да се решат со агресивни ставови, туку со дијалог и мирни преговори, јавува Anadolu Agency (AA).

Ли, кој е професор на Одделот за културна антропологија на Универзитетот Ханианг во Сеул и истражувач на историјата на исламот, во разговор за АА се осврна на односите на Турција и Јужна Кореја, напнатости на Корејскиот полуостров, но и други прашања.

Порача дека турскиот народ е меѓу најомилените народи во Јужна Кореа и рече дека „местото на Турција е во срцето на корејскиот народ и никој не може да го наруши".

Потсети дека во текот на Корејската војна 15.000 турски војници и помогнаа на Јужна Кореја.

„Никогаш нема да го заборавиме жртвувањето на храбрите турски војници за Јужна Кореја, тоа ќе го пренесеме и на нашите идни генерации", рече Ли.

Укажувајќи на фактот што во текот на престојувањето на турските војници во Јужна Кореја не е забележана било каква негативност, Ли додаде дека во историјата речиси е невозможно да се пронајде хумано делување на војската која отиде во некоја друга земја.

Говорејќи за тоа колку односите на Турција и Јужна Кореја се доби и денеска, Ли нагласува дека денеска во текот на една седмица има 21 дирекен лет помеѓу двете држави. Тоа, според неговите зборови, најдобро го покажува блискиот однос на двете земји, кои се географски далеку.

- Турција е се поинтересна и за инвеститорите од Јужна Кореја

Потсети исто така дека околу 300.000 корејски туристи ја посетија Турција во изминатата година.

„Избор на голем број корејски туристи е Турција, поради културните и природните богаства, разнолична и квалитетна кујна, а највеќе поради неверојатно гостопримство на турскиот народ", порача Ли.

Нагласи исто така дека економските и трговските односи на двете земји имаат голем потенцијал, а со оглед дека Турција е стабилна земја во регионот, тоа се повеќе е привлечно и за корејските инвеститори.

Осврнувајќи се кратко и на обидот за пуч во Турција на 15. јули 2016. година, Ли истакна дека во истата година и неговата земја ја потресол „скандалl Чои" (Choi), после што е сменета претседателката на земјата.

Рече дека дека искрено се надева оти двете земји ќе успеат да ги надминат тешките периоди, како и дека односите ќе бидат уште посилни.

„Да станете против својата држава која е фокусирана кој демократијата, да рушите власт која е избрана со волја на народот, да го бомбардирате парламентот и да убиете стотина цивили, а сето тоа да го правите во 21 век, сигурно е неприфатливо", рече Ли, коментирајќи го обидот за државен удар на ФЕТО.

- Напнатост со Северна Кореја се решава единствено со дијалог

На крајот се осврна и на напнатоста со Северна Кореја и порача дека народот на полуостровот повеќе не сака војна.

„Во текот на Корејската војна загубивме два милиони луѓе. Околу 10 милиони луѓе се разделени од своите сопруги, мајки, татковци, браќа. Не сакаме повторно да се соочиме со таква трагедија", рече Ли.

Додаде дека терминот „војна" негативно делува на психата на луѓето во неговата земја и рече дека агресивната реторика на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со нуклеарно прашање на Корејскиот полуостров вознемирувачки делува на народот на Јужна Кореја.

Ли исто така нагласува дека верува оти лидерот на Северна Кореја нема да користи нуклеарно оружје кон Јужна Кореја и дека страните на Корејскиот полуостров константно ги држат отворени каналите за дипломатски дијалог.

„Ова прашање нема да биде решено со агресивни настапи. Единствен начин се меѓусебнио дијалог и мирните преговори", рече Ли.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.