политика

Бајрактар: Јавно изјавувам дека не бев присутен во Собранието

„Јас Ѓонул Бајрактар, јавно изјавувам дека дента кога се случија немирните настани во Собранието на Република Македонија не бев присутен во Собранието, не зедов никакво учество во тие немирните настани", истакна Бајрактар

Furkan Abdula  | 02.05.2017 - Обновена : 02.05.2017
Бајрактар: Јавно изјавувам дека не бев присутен во Собранието (Foto: AA/ Furkan Abdula)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – Заменик-претседателот на Демократската партија на Турците (ТДП) во Македонија, Ѓонул Бајрактар, одржа прес-конференција во врска со одредени тврдења дека во вечерта кога се случиле немирните настани во Собранието на Македонија тој се наоѓал таму, на која изјави дека тоа е невистина, јавува Anadolu Agency (AA)

Бајрактар истакна дека тие како ТДП отсекогаш се залагале за мирно решавање на сите недоразбирања во земјата, и дека ТДП, како партија секогаш апелирала до сите нивни членови и граѓани од турската етничка заедница на смиреност, и во ниту еден случај да не подлегнуваат на било какви провокации.

Тој нагласи дека после несаканите случувања во Собранието како партија објавиле соопштение и дале изјави во кои најостро ги осудиле насилствата, но, како што рече Бајрактар, покрај сите овие наведени повици од нивната партија, за дел од раководството на ТДП, преку социјалните мрежи биле обвинувани и клеветени за наводно учество во немирните настани во Собранието.

Во текот на прес-конференцијата Бајрактар покажа и неколку фотографии од објавите на социјалните мрежи каде беа забележани обивинувањата кон него, како и фотографии од лице кое вечерта при немирните настани во Собранието влегло во собраниската зграда, а како што рече, лицето кое што е на објавувуваната фотографија, всушност е помешано со него.

Според Бајрактар, најголемото обвинување во тој поглед била Фејсбук објавата на пратеник од СДСМ, која се однесувала на неговата личност. Во постот на Фејсбук профилот од пратеникот пишувало дека „меѓу 15 терористи кои јавното обвинителство побара притвори, и Ѓонул Бајрактар, поранешен директор на ОУ Тефејуз и актуелен советник во градско собрание при Град Скопје“, истакна Бајрактар на прес конференцијата.

Тој нагласи дека има и одредени портали кои по ваквките наводи на социјалните мрежи правеле вести, како и дека одредени личности на социјалните мрежи пишувале дека тој е „терорист".

„Јас Ѓонул Бајрактар, јавно изјавувам дека дента кога се случија немирните настани во Собранието на Република Македонија не бев присутен во Собранието, не зедов никакво учество во тие немирните настани, и апсолутно немам никаква врска со немирните настани од тој ден", истакна Бајрактар. Истакна и дека на овој начин, се прави директен напад врз неговата личност, интегритет, и достоинство, како и дека истото претставува еден вид на јавен линч.

Заменик-претседателот на Демократската партија на Турците (ТДП) во Македонија, Ѓонул Бајрактар нагласи дека со ширењето на дезинформации „некој сака турската заедница да ја вмеша во политички игри, и да направи етнички тензии од ситуацијата".

Бајрактар додаде дека тој бил на разговор и кај јавниот обвинител, и дека ќе ги преземе сите правни акти за да се разјасни случајот.

Потсетуваме дека вечерта на 27 април, по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, од страна на парламентарното мнозинство предводено од Социјалдемократскиот сојуз, во хаотична ситуација, демонстрантите симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои се собраа пред зградата на Парламентот, влегоа на сила во зградата. Како резултат на насилството од страна на демонстрантите кон пратениците, беа повредени околу 100 луѓе, вклучувајќи и пратеници, полицајци и претставници на медиумите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.