политика

Британскиот министер за надворешни работи Џонсон во посета на Иран

Британскиот Министер за надворешни работи, Борис Џонсон, во рамките на неговата посета на Иран, се состана со неговиот ирански колега, Џевад Зариф

Mustafa Melih Ahıshalı  | 09.12.2017 - Обновена : 10.12.2017
Британскиот министер за надворешни работи Џонсон во посета на Иран

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Британскиот Министер за надворешни работи, Борис Џонсон, во рамките на неговата посета на Иран, се состана со неговиот ирански колега, Џевад Зариф, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според иранските медиуми, двајцата дипломати на средбата која се одржа во зградата на Министерството за надворешни работи во Техеран, разговараа околу спроведувањето на нуклеарниот договор, банкарство, трговија и развивање на односите во повеќе области, како и регионални теми.

По средбата со Зариф, Џонсон се сретна и сопретседателот на парламентот на Иран, Али Лариџани, и со Генералниот секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Шемхани. Се очекува дека тој утре ќе се состане со претседателот на иранската Институција за атомска енергија, Салихи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın