политика

Втората дама на Америка го посети манастирот во Грачаница

По посетата на манастирот, г-ѓа Бајден продолжи во правец на Урошевац, каде што ќе учествува на церемонијата на именување на патот Урошевац-Гњилане со името на нејзиниот покоен син, Џосеф Р. „Бо” Бajден III

Besar Ademi  | 17.08.2016 - Обновена : 18.08.2016
Втората дама на Америка го посети манастирот во Грачаница

Skopje

ПРИШТИНА (АА) – Во рамките на посетата на потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден на Косово, неговата сопруга д-р Џил Бајден го посети манастирот во Грачаница, во близина на Приштина, каде што се сретна со владиката Теодосије и ги обиколи просториите на манастирот, јавува Anadolu Agency (AA).

За време на постетата на манастирот, Џил Бајден беше придружувана од страна на нејзиниот внук и внука, и од жената на нејзиниот покоен син, Џозеф „Бо“ Бајден III, кој почина минатата година од рак на мозокот, на возраст од 46 години. По посетата на манастирот, г-ѓа Бајден продолжи во правец на Урошевац, каде што ќе учествува на церемонијата на именувањето на патот Урошевац-Гњилане со името на нејзиниот покоен син, Џосеф Р. „Бо“ Бajден III.

Манастирот Грачаница се наоѓа на левиот брег на реката Грачанка, во јужниот дел на Приштина. Денешниот манастир е реконструкција на една црква од XIV век, која пак била изградена врз темелите на една ранохристијанска базилика од VI век.

Најголемата реставрација на манастирот е направена кон крајот на XVI век, кога сите пукнатини на надворешниот нартекс биле изѕидани и биле насликани нови фрески. Манастирот во Грачаница во 2006 година беше додаден на листата на светско наследство на УНЕСКО под името „Средновековните споменици во Косово“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın