политика

Германија утре гласа за новиот состав на Бундестагот и Владата

Утре 61,5 милиони гласачи во земјата во 299 избирачки зони ширум Германија, ќе гласаат за избор на 598 нови членови на парламентот

Cüneyt Karadağ  | 23.09.2017 - Обновена : 24.09.2017
Германија утре гласа за новиот состав на Бундестагот и Владата

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Државјаните на Германија коишто имаат право на глас утре ќе го бираат новиот состав на новиот германски федерален парламент (Бундестаг), и составот на Владата, јавува Anadolu Agency (AA).

Утре 61,5 милиони гласачи во земјата во 299 избирачки зони ширум Германија, ќе гласаат за избор на 598 нови членови на парламентот.

Гласачите прво ќе гласаат за пратениците во нивните области, а потоа за партиите. На околу 73.500 избирачки места во 16 германски покраини ќе работат околу 650.000 лица.

На изборите ќе водат битка 4.828 кандидати, од кои 92 со турско потекло, а 720.000 гласачи со турско потекло ќе гласаат на овие избори.

Сите партии во Германија упатија апел до гласачите за излегување на гласање. Меѓу темите која е во фокусот во изборниот процес во Германија е Партијата Алтернатива за Германија (АФД) која е ориентирана екстремно десно.

Според последната анкета на јавното мислење направена за германскит весник, Блид, од страна на компанијата ИНСА, се очекува Партијата на демо-христијанскит сојуз (ЦДУ) да освои 34 отсто, Социјалдемократската партија 21 отсто, Партијата алтернатива за Германија 13 отсто, Левичарска партија 11 отсто, Слободните демократи (ФДФ) 9 отсто, и Зелените 8 отсто.

- Повик за гласање до граѓаните со турско потекло кои живеат во Германија

 Кандидатката за пратненик во Бундестагот на партијата Зелени, Џанан Бајрам, во регионот Фридрихсхајн-Кројцберг во Берлин во кој живеат Турци, истакна дека сака да прави политика во федералниот парламент со цел да се изнајде решение за проблемите на жителите во регионот.

Бајрам во изјава за АА рече дека ќе се бори против расисмот и ќе работи на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

„Расисмот во секојдневниот живот го отежнува животот на луѓето. Сакам да влезам во Бундестаг со цел да се борам против тешкотиите кои ќе ги донесаат паритиите како АФД. И канцеларката Ангела Меркел понекогаш користи некои реторики на АФД. Моментално во Германија постои една ситуација каде добивките на мигрантите се вратени 20 години назад. Луѓето тука имаат еднакви права и нив треба да ги имплементираме. Против мене се извршени расистички напади на социјалните мрежи, и јас истите ги проследив до обвинителство. Не посветувам многу внимание на нив, бидејќи тие обично се неуки и некултурни луѓе“, рече таа.

Бајрам вели дека една од нејзините цели е намалување на наемнините за домување во Кројцберг, и додаде дека жителите на овој регион се селат во други места поради високите наемнини за домување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın