политика

Енес Ибрахим, нов претседател на Партијата на Движењето на Турците во Македонија

Од вкупно 314 регистрирани делегати присутни беа и гласаа 298 делегати. Ибрахим беше избран за претседател на партијата со гласовите на сите делегати

Furkan Abdula  | 19.11.2017 - Обновена : 20.11.2017
Енес Ибрахим, нов претседател на Партијата на Движењето на Турците во Македонија Furkan Abdula/АА

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – На третиот редовен конгрес на партијата на Движењето на Турците во Македонија (ТХП), пратеникот Енес Ибрахим беше единствениот кандидат и беше избран за нов претседател на партијата, јавува Anadolu Agency (AA).

На конгресот од вкупно 314 регистрирани делегати присутни беа и гласаа 298 делегати. Ибрахим беше избран за претседател на партијата со гласовите на сите делегати.

Новоизбраниот претседател на Движењето на Турците во Македонија, Ибрахим, во своето обраќање истакна дека нивната цел е да ги доведат Турците во Македонија на позиција што ја заслужуваат, и да бидат едно почитувано општество. Тој додаде дека е горд на поддршката од страна на партијата кон него.

Ибрахим нагласи дека нема да ја злоупотребува оваа поддршка. „Турците во Македонија сега ќе се согласуваат. Сега Турците во Македонија ќе се движат од заеднички точки. Сакам да му се заблагодарам на нашиот претседател Аднан Ќахил кој во секоја пригода ни даде поддршка, и ги поддржуваше политичарите од новата генерација во турската политика и во Движењето на Турците во Македонија“, рече Ибрахим.

Поранешниот претседател на ТХП, Ќахил, упати благодарност до сите кои досега му давале поддршка, и истакна дека ќе продолжи да биде присутен во партијата и да пружа поддршка.

Аднан Ќахил беше избран за почесен претседател на оваа партија.

Потпретседателот, а воедно и претседател за надворешни односи на турската АК Партија, Мехмет Мехди Екер, во својот говоро го пренесе поздравот од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и изрази надеж за обединување на сонародниците кои живеат тука.

„Мирот, безбедноста и развојот не само на Македонија, туку и на Балканот паралелно се развива со зајакнување на демократијата во земјата. Безбедноста, мирот и развојот на Македонија истовремено значи безбедност, развој и мир на целиот Балкан, во Југоисточна Европа и во регионот“, нагласи Екер, истакнувајќи дека Турција и во иднина ќе продолжи да дава поддршка за унапредувањето на односите меѓу двете земји.

Од друга страна, претседателот на Републиканската народна партија на Азербајџан, Бедретин Гулијев, истакна дека е среќен што ги гледа Турците во Македонија во функции на министри, градоначалници, пратеници и на други фунцкии. Тој додаде дека Македонија за нив претставува стратешки партнер.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакна дека ова е уште еден доказ за пријателството помеѓу Македонија и Турција, меѓутоа и за нашето пријателство за градење на Македонија заедно со сите Турци во земјата. Истакнувајќи дека сега како партнери и во Владата на Македонија се свртени напред кон иднината, кон европските и НАТО интеграциите на Македонија, Спасовски пренесе дека со сите заедници во Македонија можеме да градиме побогата и попросперитетна Македонија.

Покрај делегатите и членовите на партијата, на конгресот присуствуваа и амбасадорката на Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара, потпретседателот, а воедно и претседател за надворешни односи на турската АК Партија, Мехмет Мехди Екер, министерот за внатрешни работи на Р. Меедонија Оливер Спасовски, министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, државни министри во Владата на Македонија, претседателот на Републиканската народна партија на Азарбајџан, Бедретин Гулијев, градоначалници, партиски претставници од земјата и од странство, како и други поканети гости.

Поранешниот претседател на Партијата на Движењето на Турците во Македонија основан во 1999 година, Аднан Ќахил, не се кандидираше на овој конгрес. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın