политика

ЕУ и Египет договорија соработка

Могерини и Шукри Самех, министер за надворешни работи на Египет, се согласија за прашањата на коишто ќе се фокусираат во следните три години, во билатералните односи меѓу двете страни

Ekip  | 25.07.2017 - Обновена : 26.07.2017
ЕУ и Египет договорија соработка

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија и Египет ветија дека ќе работат заедно на економскиот развој, промоција на стабилноста, борбата против екстремизмот и управување на миграциските текови, јавува Anadolu Agency (AA).

Федерика Могерини, висок претставник за безбедност и надворешна политика на ЕУ и Шукри Самех, министер за надворешни работи на Египет, се согласија за прашањата на коишто ќе се фокусираат во следните три години, во билатералните односи меѓу двете страни.

Египет е важен партнер на ЕУ во борбата против тероризмот и во контролата на миграциските текови од Африка и Блискиот Исток, кон Европа.

Сепак, Могерини ја изрази загриженоста на Европа во однос на почитувањето на човековите права во Египет.

Таа, исто така, изрази загриженост во врска со законот со кој во Египет се регулира работата на невладините организации.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın