политика, Балкан

„Македонија отвора ново поглавје, насочена кон европската иднина“

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, кој престојува во официјална посета на Бугарија, во Софија оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов

İhvan Radoykov  | 20.06.2017 - Обновена : 29.06.2017
„Македонија отвора ново поглавје, насочена кон европската иднина“ hvan Radoykov/AA

Sofiјa

СОФИЈА (АА) – Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, изјави дека го поддржува членството на Македонија во ЕУ и во НАТО и додаде: „Посакуваме Македонија прво да стане членка на НАТО, а потоа и на ЕУ“, јавува Anadolu Agency (AA).

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, кој престојува во официјална посета на Бугарија, во Софија оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

На заедничката прес-конференцијата, Заев објави дека на 2. август ќе биде потпишан Меморандум за разбирање, пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Заев соопшти дека документот ќе биде потпишан во Скопје и во врска со овој договор рече: „Затворајќи го поглавјето на национализмот и омразата од историјата на Македонија, отвораме ново поглавје, вртејќи се кон европска иднина“.

Зборувајќи за значењето на посетата на Бугарија, Заев ја оцени како историска и рече: „Нашиот прв сосед подава рака на поддршка за интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ. На оваа двојна средба ја добивме поддршката на Бугарија за периодот на интеграција на Македонија. Остана уште многу малку до потпишувањето на овој меморандум. По потпишувањето, Илинден ќе го прославиме заедно во Македонија“.

Заев соопшти дека двајцата премиери се согласиле во соработка со градоначалниците на главните градови на двете земји, во Софија една улица да го добие името на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, а во Скопје една улица да го добие името на поранешниот бугарски претседател Жељу Желев.

Борисов го привлече вниманието со изјавата дека патот што води кон ЕУ и НАТО минува низ „внатрешнополитичката стабилност“.

Тој го истакна своето задоволство од мирот на границата помеѓу Бугарија и Македонија. „Пред Македонија стои една историска шанса, нејзините граѓани добро да се чувствуваат“.

Премиерот на Македонија, Заев, беше примен и од претседателот на Бугарија, Румен Радев.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.