политика

Заев на Самитот за соработка на земјите од Централна и Источна Европа со Кина

Македонскиот премиер, Зоран Заев, заедно со македонската делегација учествува на Самитот на шефови на влади за соработка на земјите од Централна и Источна Европа со Кина, кој почна во Будимпешта

Ekipa  | 27.11.2017 - Обновена : 27.11.2017
Заев на Самитот за соработка на земјите од Централна и Источна Европа со Кина АА/Архива

Skopje

БУДИМПЕШТА (AA) – Македонскиот премиер, Зоран Заев, заедно со македонската делегација учествува на Самитот на шефови на влади за соработка на земјите од Централна и Источна Европа со Народна Република Кина (16+1), кој денес започна во Будимпешта, пренесува Anadolu Agency (AA).

Премиерот Заев, како што соопштиja од владината прес-служба, имал свое обраќање на пленарната сесија на економскиот, трговскиот и финансиски форум на овој самит, претставувајќи ги позициите на Македонија пред останатите претседатели на влади на Самитот.

Тој во своето обраќање нагласил дека се живее во време на многу предизвици, што од лидерите бара фокусираност и работа кон создавање на можности за унапредување на животниот стандард на граѓаните, се вели од Владината прес-служба.

„Сакам да истакнам дека Владата ќе продолжи со активностите кои имаат за цел значително да ја подобрат бизнис-климата, преку воспоставување подобра институционална инфраструктура за привлекување инвестиции, што ќе повлече забрзување на економскиот раст, развој на приватниот сектор и отворање на нови работни места”.

Премиерот Заев пред присутните шефови на влади на земјите од Централна и Источна Европа, и пред највисоките владини претставници на Кина, оддал признание за Варшавската иницијатива со оценка дека таа целосно ги остварила целите, кои, како што истакнал, обезбедиле земјите од Централна и Источна Европа да прераснат во мост кој ги поврзува земјите од Западна Европа, Централна Азија и Кина, што, како што рекол, е од големо значење за регионот.

„Би сакале да бидеме вклучени во повеќе настани за промоција на нашата трговија во рамки на процесот за соработка 16+1. Би сакал да апелирам кон кинеските институции да продолжат уште повеќе да го промовираат принципот на трговски олеснувања, што треба да резултира со олеснет пристап на нашите производи до кинеските пазари и учество на саеми и други бизнис активности”, нагласил Заев.

Како што истакнуваат од Владата, премиерот ги информирал присутните на Самитот дека Македонија ќе биде домаќин на неколку важни настани поврзани со процесот на соработка со Кина како што е „Кина SEEC Координативен центар за културна соработка“, кој ќе се основа во јауари, следната година, но премиерот ја нагласил соработката и во областа на здравството и медицината како резултат на што е основан Центарот за традиционална кинеска медицина во Штип.

На крајот, премиерот Заев изразил уверување дека Самитот во Будимпешта ќе обезбеди основа за зголемување на соработката, посебно за јакнење на економските врски во однос на важноста што ја има Кина за идното проширување на економската соработка меѓу земјите од регионот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın