политика

Заев ја соопшти листата со кандидати за заменици министри

Премиерот Зоран Заев на почетокот на денешната седница ја соопшти листата со кандидати за заменици министри, посочувајќи дека станува збор за истакнати личности, професионалци и политичари

Admir Fazlagic  | 22.06.2017 - Обновена : 22.06.2017
Заев ја соопшти листата со кандидати за заменици министри

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Премиерот Зоран Заев на почетокот на денешната седница ја соопшти листата со кандидати за заменици министри, посочувајќи дека станува збор за истакнати личности, професионалци и политичари. Заев рече дека имал разбирање за неколкудневното пролонгирање на изборот на замениците министри за да има доволно време пратениците да ги разгледаат предлозите, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што истакна, предложените кандидати, ја знаат својата одговорност, дека ќе добијат задача да ја извршуваат одговорно фуницијата раководејќи се од Уставот и законите и од оштиот интерес за подобрување на животот на граѓаните.

За заменик-министер за одбрана е предложен Беким Максути, за заменик-министер за внатрешни работи Агим Нухиу, во Министерството за правда Оливер Ристовски, во Министерството за надворешни работи Арта Точи, во Министерството за финансии Ширете Елези, а во Министерството за економија Кире Наумов.

Власте Димковиќ е предложен за заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Гоце Чакаровски за здравство, Висар Гани за образование и наука, Елми Азири за труд и социјална политика, Дејан Павлески за локална самоуправа, Владимир Лазовски за култура, Александар Бајдевски за информатичко општество и администрација, Ремзи Мехмеди за транспорт и врски, а Јани Макрадули за заменик министер во ресорот животна средина и просторно планирање.

Премиерот Заев истакна и дека новата Влада ќе биде насочена кон реформите и водење инклузивен процес преку вклучување на опиозицијата, граѓаните, академската заедница. Посочи дека активностите се насочени во две насоки: реформи и унапредување на севкупниот живот на граѓаните во Република Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.