политика

Избори во Бугарија: ГЕРБ води пред останатите партии

Лидерката на бугарските социјалисти го призна поразот на денес одржаните предвремени парламентарни избори, откако излезните анкети по затворањето на гласачките места покажаа дека нејзината партија е втора по бројот на освоените места во парламентот

Safvan Allahverdi  | 27.03.2017 - Обновена : 27.03.2017
Избори во Бугарија: ГЕРБ води пред останатите партии

Ankara

СОФИЈА (АА) - Бугарската централно-десничарска политичка партија „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ), на чело со поранешниот премиер Бојко Борисов, на општите избори во Бугарија води пред останатите, според првите анкети за излезноста, јавува Anadolu Agency (AA).

Во гласањето коe започна во 07.00 часот по локално време, а заврши во 20.00 часот се натпреваруваа 21 независни кандидати, 13 политички партии и девет коалиции за вкупно 240 пратенички места во националното Собрание.

Според компанијата за истражување „Галуп интернешнал“, ГЕРБ доби 33 проценти од гласовите.

Негувајќи го умерениот национализам, ГЕРБ ги става односите со Европската Унија во преден план, а исто така ги поддржува урамнотежените односи со соседна Турција.

- Опозицијата ги призна резултатите, ГЕРБ спремен за формирање на нова влада

Лидерката на бугарските социјалисти го призна поразот на денес одржаните предвремени парламентарни избори, откако излезните анкети по затворањето на гласачките места покажаа дека нејзината партија е втора по бројот на освоените места во парламентот.

Лидерката на Партијата на социјалистите Корнелија Нинова му честиташе на поранешниот премиер Бојко Борисов чија партија според анкетите освоила највеќе места во парламентот на Бугарија.

Социјалистите, инаку, одбија било каква опција на влегување во коалиција за формирање на новата бугарска влада заедно со ГЕРБ.

Нинова изјави дека доколку ГЕРБ не успее да формира влада, тогаш ќе се обидат социјалистите.

Истовремено, лидерот на ГЕРБ Борисов изјави дека таа партија е подготвена да формира влада.

„Дожноста на ГЕРБ е да формира влада бидејќи ова е волјата на народот и бидејќи ние ги баравме овие предвремени парламентарни избори", рече Борисов.

Официјални резултати на предвремените избори се очекуваат во понеделник.

- „Движењето за правата и слободите“ ги изгуби гласовите од Турците -

„Движењето за правата и слободите“, чии основачи беа претежно Турци, добија 8 проценти од гласовите.

„Движењето за правата и слободите“, којашто беше трета по големина партија во последниот состав на парламентот, доби помал број на гласови на овие избори откако дозволи поранешни пратеници од партијата АТАКА, позната по својата антиисламска реторика, да се приклучат кон партијата.

Коалцијата „Обединети патриоти“, која се обиде да ги привлече гласачите со антимигрантската и антимуслиманска реторика се очекува да има под 10 отсто од гласовите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.