политика

Изгласан Законот за амнестија

Собранието на Република Македонија го усвои Законот за амнестија, со кој ќе бидат ослободени од издржување казна затвор приближно 670 правосилно осудени лица на затвор до шест месеци

Ivana Ramadanova  | 15.01.2018 - Обновена : 16.01.2018
Изгласан Законот за амнестија АА/Архива

Skopje
СКОПЈЕ (AА) - Собранието на Република Македонија на денешната седница го усвои Законот за амнестија, со кој ќе бидат ослободени од издржување казна затвор приближно 670 правосилно осудени лица на затвор до шест месеци, додека пак на 3 097 лица ќе им биде намалена казната за 30 проценти, јавува Anadolu Agency (AA). Амнестијата не се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда за доживотен затвор, за убиство, за силување и педофилија, за тероризам и кривични дела против државата, за кривични дела против јавниот ред и мир, како и за кривични дела против човечноста и меѓународното право.

Амнестијата не се однесува и на лицата кои кривичните дела ги сториле после 20 септември минатата година.

Министерството за правда при подготвувањето на Законот ги имало предвид условите во казнено-поправните установи како институции кои треба да овозможат и обезбедат успешна ресоцијализација на осуденичката популација.

Во Република Македонија од осамостојувањето донесени се повеќе закони за амнестијата во 1991, 1999, 2002 и во 2003 година (ревидиран во 2004 година). На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.