политика

Касами: Сега Македонија се наоѓа и во безбедносна криза

- „Ова зборува за фактот дека во Македонија веќе се урнаа вредностите на демократијата и владеењето на мнозинството и сега за судбината на државата одлучуваат хулигани претставувани од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Касами

Besar Ademi  | 28.04.2017 - Обновена : 29.04.2017
Касами: Сега Македонија се наоѓа и во безбедносна криза

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами, на прес-конференција по вчерашните инциденти во Собранието на Република Македонија, изјави дека „партијата што ја предводи констатира дека Македонија се наоѓа не само во политичка криза на демократијата, туку и во безбедносна криза“, јавува Anadolu Agency (AA).

Касами истакна дека Собранието на Република Македонија, највисоката законодавна институција на државата, го нападнаа хулигани поддржани од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека неговата партија го осудува насилството врз пратениците и новинарите, и во исто време му посакуваат брзо закрепнување на лидерот ДР-ДПА, Зиадин Села, кој е најповредениот во инцидентите во Собранието.

„Ова зборува за фактот дека во Македонија веќе се урнаа вредностите на демократијата и владеењето на мнозинството и сега за судбината на државата одлучуваат хулигани претставувани од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Касами.

Тој рече дека петте членови на Движењето БЕСА беа присутни во Собранието додека Талат Џафери бил избран за претседател на Собранието и истиот е легитимен.

„Ако зборуваме за бројки, движењето БЕСА го поддржа парламентарното мнозинство избирајќи го Талат Џафери за претседател на Собранието, не дозволувајќи да се загрози процесот од отсуството на претседателот на ДУИ“, рече Касами, апелирајќи до сите институции да го почитуваат овој избор и да дејствуваат во согласност со оваа одлука.

За сценариото на избор на собранискиот спикер, како што рече Касами, неговата партија не била известена и членовите на Движењето БЕСА не очекувале тој чекор да се оствари вчера.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.