политика

МВР поднесе кривични пријави против 15 лица за нередите во Собранието, петмина приведени

МВР соопшти дека до Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против 15 лица поради нивна инволвираност во насилните настани кои се случија во четвртотокот, во и околу Собранието на РМ

Admir Fazlagic  | 30.04.2017 - Обновена : 01.05.2017
МВР поднесе кривични пријави против 15 лица за нередите во Собранието, петмина приведени Besar Ademi/АА

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи на Република Македонија соопшти дека до Основното јавно обвинителство- Скопје поднесе кривична пријава против 15 лица поради нивна инволвираност во насилните настани кои се случија во четвртоток, на 27. март, во и околу Собранието на Република Македонија, од кои петмина се приведени, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи - Скопје до Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против лицата Б.М. (38) од Скопје, Д.Х. (43) од Прилеп, Н.М. (34) од Скопје, К.Џ. (54) од Скопје, Ѓ.Б. (44) од Скопје, Д.Д. (45) од Скопје, В.Н. (45) од Скопје, С.П. (57) од Скопје, А.З. (63) од Скопје, поради постоење на основи на сомневање за извршено кривично дело 'Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие' ", соопшти МВР.

Како што соопшти МВР, кривична пријава е поднесена и против лицата, Д.В. (36), А.С. (39) и М.Ц. (39) М.С. (47) четворицата од Скопје, поради постоење на основи на сомневање за извршено кривично дело “Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, а против лицата Д.А. (62) од Скопје и И.Ј. (46) од Куманово поради постоење на основи на сомневање за извршени две кривични дела “Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ и “Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Врз основа на предгледани видео материјали и превземени оперативни мерки извршена е идентификација на горенаведените лица, и петмина од нив веќе се приведени, велат од МВР.

Покрај ова, МВР до надлежното Основно јавно обвинителство достави и посебно известување за организаторите на протестите за евентуалното натамошно постапување на обвинителството околу целосното расчистување на случувањата од 27. април.

Во соопштението МВР по хронолошки редослед потсети на насилните настани во Собранието на Република Македонија.

„Пријавените, по завршување на седница каде е избран преседател на собрание како и за време на одржување на прес конференција во салата, откако го пробиле кордонот од УПС кој бил поставен пред Собранието, влегле внатре каде извршиле оштетување на ходникот, а потоа физички ги нападнале полициските службеници на внатрешното обезбедување А.Ј., В.К., Б.Ѓ. по што влегле во салата 3 каде се одржувала прес конференција и физички ги нападнале присутните З.З. (42) од Струмица, З.С. (44) од Струга, Р.Ш.Ј. (44) од Скопје, О.С. (40) од Куманово, С.М. (53) од Скопје, како и други пратеници од политичките партии на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците", стои во соопштението.

Пријавените Б.М., М.С, Д.А., И.Ј, Д.Х., Н.М., К.Џ., Ѓ.Б., Д.Д., В.Н., С.П., Д.В., А.З., А.С. и М.Ц. со наведените зеднички дејствија со употреба на физичка сила и закани сториле насилства спрема луѓе и оштетиле имот, со што ги извршиле напред наведените кривични дела.

МВР соопшти дека се извршени проверки во Клинички Центар Мајка Тереза - Неврохирургија во врска со повредениот пратеник З.С., а со вработените во обезбедување на Собранието Б.Ѓ. и В.К. извршени се службени разговори.

По настанот, информира МВР, по предходна консултација со Јавен обвинител од страна на Секторот за внатрешни работи- Скопје извршен е увид како и кримтехничка обработка на местото на настанот за што се изготвени записници.

Од страна на Основно јавно обвинителство Скопје, издадени се барања за доставување податоци од повеќе електронски медиуми.

Секторот за внатрешни работи- Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности со цел идентификување и документирање и на други лица учесници во настаните од 27-ми овој месец во Собрание на Република Македонија, известија од МВР.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.