политика

Министерот Димитров утре ќе ја посети Албанија

Министерството за надворешни работи соопшти дека по средбата со шефот на дипломатијата на Република Албанија, предвидена е заедничка прес-конференција на двајцата министри

Ivana Ramadanova  | 24.07.2017 - Обновена : 25.07.2017
Министерот Димитров утре ќе ја посети Албанија (Foto: Arhiva/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (AА) - Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на покана на неговиот колега Дитмир Бушати, утре ќе престојува во работна посета на Република Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што соопштуваат од кабинетот на министерството, во рамките на посетата е предвидено Димитров, покрај со домаќинот, да оствари средби и со претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, и со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

Министерството за надворешни работи соопшти дека по средбата со шефот на дипломатијата на Република Албанија, предвидена е заедничка прес-конференција на двајцата министри.

Последната официјална посета меѓу делегациите на министерствата за надворешни работи на двете земји беше осварена на 26 јануари 2015 година во Тирана. Македонската делегација беше предводена од поранешниот министер Никола Попоски, а албанската делегација од сегашниот министер Бушати.

За време на разговорите меѓу шефот на албанската и македонската дипломатија беа потврдени добрите билатерални односи меѓу двете соседни земји, а министерот Никола Попоски го покани својот албански колега на заедничката седница меѓу двете земји во првата половина на 2015 година, но таква седница се уште не е остварена.

По оваа посета, министерот Бушати на 24 август минатата година учествуваше на Советот на амбасадори во Скопје, при што се сретна со својот македонски колега, тогашниот министер Попоски. Во меѓувреме, министерот Попоски на 30 и 31 март 2016 година отпатува во Драч на министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан, каде што се состана со својот албански колега Бушати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.