политика

Министерот Спасовски на министерска конференција во Будимпешта

„Македонија со својата геопозиција во регионот може да биде една од најпогодените и најзасегнатите од евентуалното 'пробивање' на нови нелегални мигрантски рути“, рече министерот Спасовски

Ivana Ramadanova  | 20.06.2017 - Обновена : 21.06.2017
Министерот Спасовски на министерска конференција во Будимпешта АА/Архива

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Република Македонија со својата геопозиција во регионот може да биде една од најпогодените и, секако, најзасегнатите од евентуалното „пробивање“ на нови нелегални мигрантски рути, рече денес министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на Конференцијата на министри за внатрешни работи, во рамките на Салцбуршкиот форум во Будимпешта, посветена на нелегалната миграција, миграцискиот притисок и актуелната ситуација долж западнобалканската рута, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што соопштуваат од ресорното министерство, министерот Спасовски ја истакнал и можната злоупотреба на мигрантските рути за инфилтрирање на екстремисти и безбедносните проверки на мигрантите долж западнобалканската рута.

„Соочени со новите безбедносни феномени, целокупните безбедносни капацитети на нашата држава во континуитет се насочени кон спречување на заканите и опасностите што произлегуваат од поддржувачите на тероризмот, фокусирајќи се на превенцијата и спречувањето на финансирање на терористичките активности, следење на сомнителните трансакции, спречување на перењето пари и можно регрутирање на потенцијалните извршители на терористички активности во земјата и во странство“, рече Спасовски.

Тој посочи дека со цел да се воспостави подобра контрола и за да се спречи трансферот на потенцијални терористи меѓу мигрантите, потребно е да се воведат унифицирани механизми за превенција и контрола, размена на информации, водење заеднички случаи преку заеднички тимови и да се формира заедничка база на податоци.

„Не смееме да дозволиме хуманоста да биде жртва на тероризмот. Но, истовремено мораме да бидеме свесни и дека не можеме да се луксузираме со безбедноста и сигурноста на нашите граѓани и на нашите држави. Потребен е ефективен, функционален баланс што ќе ги анулира овие две крајности“, рече министерот Спасовски.

Како што соопшти МВР, Спасовски во Будимпешта треба да оствари и неколку билатерални средби.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.