политика

Могерини: Мораме да соработуваме со Турција

Могерини по состанокот во рамките на политичкиот дијалог на високо ниво, меѓу ЕУ и Турција во Брисел, истакна дека двете страни треба да се фокусираат на заедничките страни наместо на црвените линии

Şerife Çetin, Ata Ufuk Şeker  | 26.07.2017 - Обновена : 27.07.2017
Могерини: Мораме да соработуваме со Турција

Brussels Hoofdstedelijk Gewest

БРИСЕЛ (AA) - Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, по состанокот во рамките на политичкиот дијалог на високо ниво, меѓу ЕУ и Турција во Брисел, истакна дека двете страни треба да се фокусираат на заедничките страни наместо на црвените линии, јавува Anadolu Agency (AA).

„Не сакам да се фокусирам на црвените линии, туку на заедничките страни. Имаме комплексен двевен ред, но мораме да соработуваме со Турција“, рече Могерини на конференцијата за медиумите.

Таа нагласи дека состанокот во рамките на политичкиот дијалог на високо ниво меѓу ЕУ и Турција е еден од главните столбови на дијалогот на двете страни.

Могерини додаде дека Турција и ЕУ продолжија со соработката по средбите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со челниците на ЕУ на 25. мај.

„Нашите средби беа искрени, пријателски и конструктивни“, рече Могерини.

Таа нагласи дека е многу важно Турција и ЕУ, во согласност со заедничките интереси и потреби, да се сослушаат меѓусебно и да водат дијалог.

Исто така, високата претсавничка истакна дека ЕУ изрази солидарност со Турција на годишнината од обидот за пуч што се случи на 15. јули минатата година, и додаде оти моментално во ЕУ не постои иницијатива ФЕТО да се прогласи за терористичка организација.

Могерини напомена дека р разговарано за многу важни прашања, вклучувајќи ги владеењето на правото, добрососедските односи, слободата на говорот и медумските слободи.

„Потребно е со конкретни чекори да се продолжи соработката меѓу ЕУ и Турција“, рече Могерини, додавајќи дека на состанокот е разговарано за тоа како дополнително да се зајакнат односите на двете страни.

На крајот, таа истакна дека постојат различни мислења околу одредени прашања, и оти сепак двете страни се подготвени да соработуваат.

Могерини додаде дека Турција има статус на земја-кандидат за влез во ЕУ и претставува стратешки партнер за Брисел.

Европскиот комесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, на конференцијата за медиумите рече дека ЕУ сака да ја продолжи соработката со Турција.

„Во интерес на ЕУ е стабила, безбедна и економски успешна и демократска Турција. Во областите од заеднички интерес, има блиска соработка“, рече Хан.

Тој нагласи дека слободата на говорот и слободата на собирање се темелни вредности на демократските општества.

„Основните права, вклучувајќи ги и човековите права, владеењето на правото, демократијата и медиумските слободи, претставуваат неизоставни критериуми за да се напредува кон ЕУ“, рече Хан.

Тој изрази загриженост поради приведувањето на новинари, академски граѓани, правници и борци за човекови права.

На крајот, Хан додаде дека на состанокот во Брисел е разговарано и за прашањето за безвизниот режим, и напомена оти ЕУ е подготвена на договор со Турција доколку Турција ги исполни преостанатите критериуми.

Хан истакна дека во наредните месеци ќе бидат одржани состаноци на високо ниво меѓу Турција и ЕУ во областа на енергетиката, економијата и сообраќајот, и оти во постоечките околности не е можно да се отвори ново поглавје со Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.