политика

Подгорица: Утре протест протв влезот на Црна Гора во НАТО

- Утрешниот протест е во организација на Нова српска демократија, една од членките на Демократскиот фронт, која се противи на влезот на Црна Гора во НАТО

Adel Ömeragiç  | 11.12.2015 - Обновена : 12.12.2015
Подгорица: Утре протест протв влезот на Црна Гора во НАТО

Karadağ

ПОДГОРИЦА (АА) - Во подгорица утре ќе се одржи протест против НАТО, десет дена по официјалната покана на Црна Гора за полноправна членка на Алијансата, јавува Anadolu Agency (AA).

Утрешниот протест е во организација на Нова српска демократија, една од членките на Демократскиот фронт, која се противи на влезот на Црна Гора во НАТО. Освен Нова српска демократија, во организација на собирот учествува и уште неколку невладини организации и движења.

„Констатираме дека ова е момент во кој е многу важно сите оние кои се противат на зачленувањето на Црна Гора во НАТО да бидат заедно и да бидат единствени во пружањето отпор на една опасна намера која на претседателот на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ, му служи за продолжување на неконтролираното владеење. Претседателот на ДПС и НАТО промотерите очигледно сакаат одлуката за ова важно прашање да ја донесе без консултирање на граѓаните, и ние тоа не го прифаќаме“, соопштено е од Нова српска демократија.

Од оваа партија соопштено е и дека „одлуката треба да ја донесат граѓаните на чесен и праведен референдум, бидејќи сè останато може да се доведе во прашање и би имало несогледливи последици по Црна Гора“

Планирано е протестот да започне во 18 часот пред зградата на Собранието на Црна Гора.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın