политика

Претседателот Иванов се сретна со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ

На средбата биле разменети мислења за актуелните случувања во државата, по доделувањето на мандатот за состав на владата на Македонија

Ivana Ramadanova  | 29.05.2017 - Обновена : 30.05.2017
Претседателот Иванов се сретна со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ Извор: Кабинетот на претседателот на РМ

Skopje

СКОПЈЕ (AА) - Претседателот Ѓорге Иванов денес одржа работна средба со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија во Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

Kако што соопштиjа од кабинетот на Иванов, на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања во државата, по доделувањето на мандатот за состав на владата на Македонија.

Претседателот Иванов ја потврди посветеноста на Република Македонија за почеток на пристапните преговори со ЕУ, како еден од највисоките стратешки приоритети.

Според Иванов, потребно е Европската Унија да направи исчекор и да определи датум за почеток на пристапните преговори со Република Македонија, односно да овозможи отворање на поглавјата 23 и 24.

„Отворањето на преговорите во поглавјата 23 и 24 за правосудство, основните права, правда, слобода и безбедност, ќе го дадат неопходниот поттик за интензивирање на реформските процеси. Статус-квото не смее да продолжи. Нам ни е неопходна трансформирачката моќ на пристапниот процес, како и обединувачката моќ на процесот, за соочување со длабоката политичка поларизација во земјата“, рече Иванов на средбата.

Toj ја повтори потребата лидерите на парламентарните партии да покажат одговорност и да ја обноват посветеноста за европска и за евроатлантска Македонија, а приоритет да се даде на законите и решенијате од европската агенда.

Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија ја поздравија одлуката на претседателот Иванов за доделување на мандатот за состав на влада на Македонија, со што се отвора можноста за нормализација на состојбите и за политичка стабилност во земјата.

На средбата е истакнато заемното очекување новата влада во своите приоритети да ја има ЕУ агендата, односно реформите што ќе ја забрзаат интеграцијата на Македонија во ЕУ.

На средбата, како што се додава во соопштението, биле разменети мислења и информации за клучните предизвици со кои се соочува Македонија и целиот регион, како што се мигрантската и безбедносната криза, екстремниот радикализам, растечката националистичка реторика во регионот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.