политика

Претседателот Иванов учествува на Светскиот економски форум во Аман

Претседателот Иванов ќе учествува на пленарната сесија на свеченото отворање на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка и на сесијата на тема „Заштита на бегалци: наша морална одговорност"

Admir Fazlagic  | 20.05.2017 - Обновена : 20.05.2017
Претседателот Иванов учествува на Светскиот економски форум во Аман

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во работна посета на Хашемитското Кралство Јордан по повод учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка, што се одржува во Аман, пренесува Anadolu Agency (AA).

Како што соопштуваат од претседателскиот кабинет, Иванов ќе учествува на пленарната сесија на свеченото отворање на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка и на сесијата на тема „Заштита на бегалци: наша морална одговорност".

Во рамки на работната посета, претседателот Ѓорге Иванов, ќе оствари билатерална средба со Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула II, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот, информираат од кабинетот на претседателот.

На Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка е најавено учество на над 1000 политички лидери, претставници од бизнис секторот и цивилното општество, од повеќе од педесетина држави.

Темите на дискусија на форумот се однесуваат на улогата на Кралството Јордан во регионот, економските перспективи на земјите од овој регион, промените во геополитиката и хуманитарните предизвици во однос на состојбите во Сирија, Ирак и Либија, како и актуелната мигрантската криза.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.