политика

Проштална средба на Вељановски со евроамбасадорот Аиво Орав

Претседателот на Собранието на Република Македонија,Трајко Вељаноски денес на проштална средба го прими евроамбасадорот, Аиво Орав на која соговорниците изразија задоволство од одличната меѓусебна соработка за време на мандатот на амбасадорот во Република Македонија

Admir Fazlagic  | 26.07.2016 - Обновена : 27.07.2016
Проштална средба на Вељановски со евроамбасадорот Аиво Орав

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија,Трајко Вељаноски денес на проштална средба го прими евроамбасадорот, Аиво Орав на која соговорниците изразија задоволство од одличната меѓусебна соработка за време на мандатот на амбасадорот во Република Македонија, соопштија од Кабинетот на Вељановски, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението, претседателот Вељаноски се заблагодарил за постојаната поддршка која Собранието ја добива од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија. Соговорниците изразија надеж дека соработката ќе продолжи да се одвива на исклучително високо ниво и понатака, со взаемно разбирање и пријателство.

Како се наведува, на средбата станало збор за актуелните случувања во Република Македонија во кои меѓународната заедница има активна улога во изнаоѓањето на решенија за надминување на недоразбирањата на политички план.

Претседателот Вељаноски истакнал дека се надева на што поскоро и конечно решавање на политичката криза во Република Македонија и притоа истакна дека ќе направи се што е во негова надлежност да се реализираат активностите кои произлегуваат од последниот договор помеѓу политичките партии.

Амбасадорот Орав истакнал дека се надева на брза имплементација на договореното со цел Република Македонија да се посвети на евроатланската интеграција и поскоро да ги започне преговорите за членство во Европската унија.

Тој посочил дека со оглед на сите предизвици со кои се соочува Европа, како што се миграциската криза и терористичките напади, за Европската унија е важно да ја има Република Македонија како стабилен партнер.

На крајот на средбата, стои во соопштението, претседателот Вељаноски му посака успешна работа на амбасадорот Орав во неговиот иден ангажман и ја потенцираше отвореноста на Собранието за соработка и за континуирана комуникација со Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.