политика

Резултатите на референдумот во Турција потсетија на оние сличните во Европа

Референдумот за уставни промени во Турција на кој гласањето заврши со 51,41 отсто гласови „да“, потсетува на референдумите со сличните резултати во блиското минато во Европа

Ekip  | 17.04.2017 - Обновена : 18.04.2017
Резултатите на референдумот во Турција потсетија на оние сличните во Европа

London

ЛОНДОН (АА) – Референдумот за уставни промени во Турција на кој гласањето заврши со 51,41 отсто гласови „да“, потсетува на референдумите со сличните резултати во блиското минато во Европа.

Европските земји во последните години одржаа серија референдуми на кои гласањето заврши со блиски стапки. Резултатите што ја рефлектираат демократската волја стапија во сила со заедничко прифаќање.

- Одлуката за Брегзит беше донесена со 52 отсто

Еден од најзначајните референдуми со блиски стапки во резултатот е гласањето за Брегзит, за кој реакциите сѐ уште продолжуваат.

Обединетото Кралство составено од Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска, во јуни минатата година одржа референдум за неговото членство во Европската Унија (ЕУ), чии резултати на оваа одлука влијаеја врз цела Европа.

Стапката на излезност на референдумот којшто се одржа по тензичните процеси на кампањите, беше 72,2 отсто, каде што 52,9 отсто од гласачите гласаа за излез од ЕУ (Брегзит), додека 48,1 отсто гласаа за останување во ЕУ.

Во оваа земја каде што резултатите на референдумот не беа предмет на дебати, иако стапката на резултатите беше многу блиска, настанаа серија правни и политички дебати во спроведувањето на тие резултати.

И покрај фактот што резултатите на овој референдум не се правно обврзувачки, а има само советодавна улога за владата, оваа земја во согласност со волјата на гласачите на 29 март официјално го започна процесот Брегзит. 

Пратеничката од Работничката партија, Jo Cox, која во процесот на референдумот за Брегзит ја водеше кампањата за останување во ЕУ, беше нападната со нож и го загуби својот живот.

- Шкотска

Референдумот во 2014 година во врска со независноста на Шкотска се одржа по големиот процес на пропаганди.

Стапката на излезност на референдумот беше 85,59 отсто, каде што 44,7 отсто од гласачите гласале за независност, а 55,3 отсто гласале за останување во Обединетото Кралство.

По референдумот, страните се договорија дебатите за независност да се остават настрана сѐ додека не настане некоја драматична промена во условите. Но, регионалната власт на Шкотска ја смета одлуката на Обединетото Кралство за Брегзит за драматична промена, и побара да се оди на втор референдум за независност.

Ако барањето на Шкотска биде прифатено од страна на централната власт во Лондон, Шкотска ќе одржи референдум за независност кон крајот на 2018 година или во почетокот на 2019 година.

- Швајцарија

Народот во Швајцарија, во 2014 година го одобри предлогот кој предвиде ограничување на миграцијата од земјите во ЕУ. Гласањето заврши со само 19.516 гласа разлика, каде што 50,3 отсто од гласачите во референдумот гласаа „да“, а 49,7 гласаа „не“.

Повеќе политички партии во државата беа против предлогот што донесе рестриктивни квоти за мигрантите. Се тврди дека овој закон може да ѝ наштети на економијата на земјата, како и на односите со ЕУ. Но, покрај тоа, законот беше поддржан од страна на народот.

Резултатот на референдумот беше против договорот меѓу Швајцарија и ЕУ за слободно движење на работниците. Со прифаќањето на предлогот беше донесено ограничување за влез во Швајцарија за мигрантите од европските земји.

Секоја година во просек 4 пати се одржува референдум во Швајцарија. На референдумите каде што просекот на стапката на излезност е 50 проценти, може да се гласа преку пошта, во гласачките центри или преку интернет.

- Италија

Минатата година Италија одржа референдум со кој се предвидуваат сеопфатни уставни промени.

Во земјата каде што важи дводомниот законодавен систем, во декември се одеше на референдум за уставните промени за вкупно 47 члена, чија цел е да се намалат ингеренциите на законодавните овластувања на Републиканскиот сенат, како и да се забрза законодавниот процес.

Стапката на излезност на референдум беше 65,47, каде што 40,88 отсто од гласачите гласале „да“, додека 59,12 отсто гласале „не“.

Тогашниот премиер Матео Ренци изјави дека тоа е едно од најзначајните гласања во неговата кариера, а по резултатите на референдумот даде отказ. Лидерот на Демократската партија, Паоло Џентилиони, дојде на местото на Ренци и стана премиер.

- Данска

На 3 декември 2015 година, Данска организираше референдум во врска со прифаќањето на законите на ЕУ за правда и за внатрешни работи.

Стапката на излезност на референдумот беше 71,9 остсто, каде што 46,9 отсто од гласачите гласаа „да“, а 53,1 гласаа „не“.

Повеќето од парламентарните политички партии во Данска одржаа кампањи за гласање „да“, додека Народната партија на Данска, Либерална алијанса, како и Црвено-зелената коалиција одржаа кампањи за гласање „не“.

Бидејќи референдумот заврши со негативен резултат, Данска сѐ уште се обидува да направи еден посебен договор со ЕУ за да остане во Европол, европска полиција

- Шведска

Шведска е една друга европска земја каде што во блиското минато се одржа референдум. Оваа земја во 2013 година одржа референдум во врска со тоа дали да поминат на заедничката парична единица на ЕУ, евро, или не.

На овој референдум, 56 отсто од гласачите гласаа „не“, додека 44 отсто гласаа „да“.

Поранешната министерка за надворешни работи на Данска, Ана Линд, една недела пред гласањето чиј процес беше тензичен, водеше кампањи за преминување на еврото, при што беше нападната со нож и го загуби својот живот.

Со овој резултат на референдумот, Шведска стана една од ретките земји што ја користи својата парична единица, а не еврото, иако е член на ЕУ.

Иако референдумите одржани во Европа резултираа со мала разлика на гласањето, никогаш не се дискутираше за легитимитетот, како и за резултатите на овие референдуми.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.