политика

Сијарто: Наместо менаџирање со миграциите, тие треба да се спречат

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, по средбата со својот македонски колега, Никола Димитров, истакна дека ставот на Унгарија околу мигрантската криза е непоколеблив

Besar Ademi  | 18.12.2017 - Обновена : 19.12.2017
Сијарто: Наместо менаџирање со миграциите, тие треба да се спречат Besar Ademi/AA

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој престојува на официјална посета во Македонија, по средбата со својот македонски колега, Никола Димитров, истакна дека ставот на Унгарија околу мигрантската криза е непоколеблив, и дека наместо управување со миграциите, тие треба да се спречат, јавува Anadolu Agency (AA).

Сијарито нагласи дека неговата земја ѝ придава големо значење на соработката со Македонија поради три аспекти од кои два се безбедносни, а третиот е економскиот аспект, за кој истакна дека Унгарија планира одредени инвестиции и соработка со Македонија.

Сијарто нагласи дека Европската Унија (ЕУ) ја доживеа најголемата закана од тероризмот откога започна кризата на илегалната миграција.

„Унгарија, кризата на илегалната миграција ја гледа како една голема безбедносна закана за цела ЕУ. Нашата позиција е стабилна, наместо управување со миграциите, треба да ги спречиме миграциите. Еден илегален инфлукс на милион и пол луѓе, целосно нерегулиран и неконтролиран внатре во ЕУ, наметна голем безбедносен ризик за континентот“, пренесе Сијарто.

Сијарто нагласи дека неговата земја ги почитува земјите кои се обидуваа да го спречат незаконскиот инфлукс на бегалци и мигранти. Осврнувајќи се на Македонија, тој истакна дека унгарската влада донела одлука до октомври наредната година да ја поддржува земјата праќајќи полицајци на континуиран начин со цел заштита на јужната граница заедно со нивните македонски колеги.

Шефот на унгарската дипломатија, како втор аспект во однос на безбедноста се осврна на политиката за проширување на ЕУ и додаде: „Ние сакаме овој регион да биде спокоен. Сакаме Западен Балкан да биде извор на понатамошниот развој на Европа, наместо да биде ризик за безбедноста на Европа. Ние сфаќаме дека тензиите, тука во Западен Балкан, можат да се надминуваат преку европската и евро-атлантската интеграција на најдобар начин“.

Од друга страна, шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, го поддржа ставот на неговиот унгарски колега во однос на мигрантската криза, и нагласи дека никој од земјите на ЕУ нема придобивка од илегалната миграција, вклучувајќи ги и самите мигранти.

Осврнувајќи се на илегалниот инфлукс на мигранти и бегалци во 2015 година, Димитров истакна дека нивната задача е уште еднаш да не се повтори такво нешто.

На пленарната седница меѓу делегациите на министерствата за надворешни работи на двете земји беше потпишан и Акциски план за соработка за 2018 година, кој предвидува конкретни форми и активности за понатамошна соработка меѓу двете министерства.

Димитров нагласи дека овој акциски план предвидува билатерална соработка меѓу двете земји во одредени области, како билатералните односи, интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ, како и соработката во областа на економијата, науката и во борбата против илегалната миграција.

Димитров истакна дека Унгарија моментално е 11. трговски партнер на Македонија, додека пред неколку години, како што рече тој, Унгарија била на 26. место, и додаде дека за време на состанокот упатил благодарност за силната соработка на Унгарија за европската интеграција на Македонија.

„Укажав дека сме цврсто решени да правиме сѐ што можеме да не го препуштиме следниот воз за Европа, за Брисел, што се отвара во 2018 година. Констатиравме дека билатералните односи се со висок квалитет, на високо ниво. Ќе направиме сѐ што можеме да го продолжиме овој дијалог и во 2018 година“, рече Димитров.

Унгарскиот министер престојува на официјална посета на Македонија на покана на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. Како што е предвидено, тој попладне ќе се сретне и со македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın