политика

Средба на Димитров со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Македонија

Министерот Димитров на средбата ја реафирмираше заложбата за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ и неопходноста од обезбедување кредибилност на процесот на интеграција во ЕУ

Ivana Ramadanova  | 22.01.2018 - Обновена : 23.01.2018
Средба на Димитров со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Македонија Извор: МНР на РМ

Skopje
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Р. Македонија, Никола Димитров, денеска оствари средба со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија во Република Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Министерот Димитров, се вели во соопштението на министерството, ги информираше ЕУ амбасадорите за актуелните случувања и текот на отпочнатите реформи во Република Македонија.

Димитров ја реафирмираше заложбата за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ и неопходноста од обезбедување кредибилност на процесот на интеграција во ЕУ.

Исто така, информираше за конкретните реформски активности, пред сè, во приоритетните сфери: правосудство, добро владеење, јавна администрација и следење на комуникациите.

„Треба да ја искористиме секоја шанса за напредок. Ние ќе направиме сè да ве убедиме дека можеме да бидеме фактор на успех, за нас, за регионот и за Унијата“, истакна министерот Димитров.

Од страна на ЕУ амбасадорите, изразена е поддршка и упатени се охрабрувачки пораки за досегашниот ангажман на владата. Истовремено истакната е важноста од континуирано одвивање на процесот на реформи како битна претпоставка за детерминирање на натамошниот тек и динамика на европскиот интегративен процес.

Во тој контекст, од страна на амбасадорите нагласена е неопходноста Република Македонија да се фокусира на имплементацијата на итните реформски приоритети. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.