политика, Балкан

Турската амбасадорка во Македонија: „Длабоко сме загрижени за настаните“

Амбасадорката на Турција во Македонија, на официјалната страница на социјалната мрежа на амбасадата упати порака во врска со насилните настани кои се случија во Собранието на Македонија

Furkan Abdula  | 28.04.2017 - Обновена : 28.04.2017
Турската амбасадорка во Македонија: „Длабоко сме загрижени за настаните“

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – Амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, на официјалната страница на социјалната мрежа на амбасадата упати порака во врска со насилните настани кои се случија во Собранието на Македонија, и истакна дека се загрижени поради оваа ситуација, јавува Anadolu Agency (AA).

Кара вели дека тие, како Турција, внимателно ги следат случувањата во внатрешната политика на Македонија со којашто секогаш имале пријателски односи од основањето на државата. „За жал гледаме дека досега не е формирана владата, и дека земјата веќе долго време е во една политичка криза. Длабоко сме загржени од настаните кои започнаа по избирањето на претседателот на Собранието, и сè уште продолжуваат“.

Од друга страна, Кара истакна дека насилното влегување на демонстрантите во Собранието, и напаѓањето пратеници не е во согласност со демократијата којашто ја практикува Македонија. Амбасадорката нагласи дека очекуваат од македонските надлежни органи да ја стават под контрола оваа ситуација, и да обезбедат заштита, безбедност за пратениците и за новинарите кои се наоѓаат внатре во Собранието.

„Веруваме дека турската заедница во Македонија којашто не се мешаше во протестите кои продолжуваат долго време, ќе го задржат нивниот воздржан став. Ги предупредуваме нашите граѓани во Скопје да стојат подалеку од Собранието и околината, сè додека настаните не се стават под контрола“, истакна Кара.

Кара вели дека посакуваат ваквите настани да не се случуваат во пријателската земја Македонија, и во најкратко време да се пополни политичкиот вакуум.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.