политика

Франција: Ле Пен и Макрон со најголеми шанси да постигнат успех

Иако се гледа дека на изборите што ќе се одржат в недела, Ле Пен и Макрон ќе ја постигнат целта и ќе одат во вториот круг, оваа битка ќе продолжи до последниот момент бидејќи околу 28 отсто од гласачите сѐ уште не одлучиле за кого ќе гласаат

Murat Ünlü  | 21.04.2017 - Обновена : 22.04.2017
Франција: Ле Пен и Макрон со најголеми шанси да постигнат успех

Paris

ПАРИЗ (АА) – На првите места во анкетите на јавното мислење за првиот круг на претседателските избори во Франција, со поддршка од 23 отсто се наоѓаат кандидатката на екстремната десничарска партија Национален Фронт, Марин Ле Пен, како и Емануел Макрон, кандидат на движењето „En Marche“ (Напред), кој соопшти дека е централно ориентиран, јавува Anadolu Agency (AA).

Во битката на двајцата кандидати, напорите на Ле Пен за насочување на нејзината партија во централно ориентирана беа залудни поради Макрон, кој брзо ја пополнува таа линија со својата прагматична структура.

Иако се гледа дека на изборите што ќе се одржат в недела, Ле Пен и Макрон ќе ја постигнат целта и ќе одат во вториот круг, оваа битка ќе продолжи до последниот момент бидејќи околу 28 отсто од гласачите сѐ уште не одлучиле за кого ќе гласаат.

- Префрлување од ектремна десна во централно ориентирана страна

На карактерот и политичката линија на Ле Пен, која израснала во опкружување на екстремно десничарска традиција поради нејзиниот татко Жан Мари Ле Пен, основач и прв лидер на партијата Национален фронт (НФ), длабоко влијатело искуството што таа го доживеала во своето детство.

Можеби најважниот фактор во одлуката на Ле Пен, најсилната кандидатка за претседател на Франција, да се занимава со политика исто како татка си, било бомбардирањето на нејзината куќа во Париз кога таа имала осум години.

Ле Пен во својата автобиографија раскажува дека сѐ уште не го заборава шокот што го доживеала на осумгодишна возраст, кога експлодирал динамит поставен пред нејзината куќа. Таа вели дека со своите две постари сестри виделе како предниот дел на зградата целосно се срушил.

Тоа се случило 4 години по основањето на партијата Национален Фронт, а оваа партија тогаш била позната само по антисемистичките изјави. Сторителите на овој напад извршен на 1 ноември 1976 година сѐ уште не се пронајдени.

- Членство во НФ

Марин Ле Пен, која во 1986 година, во својата младост се вклучила во редовите на партијата, завршила со високото образование и станала адвокат, и потоа во 1998 година била избрана за еден од членовите на регионалното собрание.

Ле Пен од 2004 година ја врши пратеничката функција во Европскиот парламент, а во 2011 година, со добивање на 67,65 отсто од гласовите стана лидер на НФ. Со тоа, Ле Пен ја презеде функцијата на својот татко, кој од 1972 година е лидер на оваа партија.

Меѓу другото, Ле Пен на предизборните кампањи за претседателските избори во 2012 година, ги постави во преден план своите ветувања околу невработеноста и за екстрадирање на илегалните мигранти од државата, и со тоа доби 17,9 отсто од гласовите, а се најде трета по ред, по Франсоа Оланд и Николас Саркози.

На изборите на Европскиот парламент во 2014 година, партијата НФ под водство на Ле Пен, доби 24,9 отсто од гласовите и на изборите во Франција беше победничка партија.

По тврдењата за корупција во Европскиот парламент, се намали поддршката за партијата на 48-годишната Ле Пен, која има за цел и оваа година, во првиот круг да ја постигне стапката на гласовите од претходните избори.

Во последните анкети се забележува поддршка за Ле Пен од околу 23 отсто.

Ле Пен, која е оценета како поголем демократ и републиканец од нејзиниот татко, на 20 август 2015 година го исклучи од партијата татка си Жан Мари Ле Пен, поради некои негови изјави што предизвикаа дебати во јавноста.

- Ставот против муслиманите

Забележано е дека Ле Пен, која пред да биде лидер на НФ, во 2010 година имаше остар став особено кон муслиманите, дури и клањањето на петочната молитва надвор од џамиите го споредуваше со „германската окупација“, евоулираше кон идејата „Муслиманите можат да живеат во хармонија со францускиот народ“.

Но сепак, нејзината реторика во минатото дека ќе ја забрани шамијата и во јавноста, ги намалува шансите таа да добие гласови од муслиманите.

Иако во последно време се забележува ублажување во односот на Марин Ле Пен кон муслиманите, еден искусен новинар, Алаин Духамел, во една од своите изјави вели: „НФ сѐ уште индиректно ги напаѓа муслиманите“.

За разлика од нејзиниот татко, кој одвреме-навреме излегуваше во преден план со своите антисемистички изјави, се знае дека Марин Ле Пен контактира и со лидерите на еврејските заедници, дури и има одреден број еврејски гласачи што гласаат за неа.

Се оценува дека Ле Пен, која во своите кампањи многу често ги потенцира републиканизмот и секуларизмот, добива гласови од работничката класа којашто е задоволна од воспоставениот систем.

- Емануел Макрон

Поранешниот министер за економија од Социјалистичката партија, Емануел Макрон, кој ја напушти партијата за да основа еден централно ориентиран субјект, со своето движење коешто уште не наполни една година, постигна потенцијал за да се пласира во следниот круг – успех што најмногу се поврзува на медиумската поддршка што ја има.

Се смета дека од поголем дел од медиумите му беше овозможено на Макрон да „заблеска“ .

Во текот на едно интервју, тој потврди дека го користел вакумот на политичката сцена.Макрон нагласува дека нема некоја одредена идеологија и дека е ориентиран ниту десно ниту лево.

Роден е во градот Амиенс, кој се наоѓа во северниот дел на Франција, од родители доктори. Најголемиот дел од неговиот живот го одбележува љубовта на 16-годишна возраст со неговата наставничка по драма, Бригита Трогну, која е 24 години постара од него, и со неа се ожени во 2007 година.

Се вели дека продолжувањето со оваа љубов, и покрај спротивставувањето на семејството, го рефлектира неговиот слободен и стабилен карактер.

По завршувањето со образованието во Париз, Макрон работеше како финансиски инспектор, а потоа во една инвестициска банка.

- Кариерата во Сoцијалистичка партија

Макрон се приклучи на Социјалистичката партија (СП) во 2006 година, додека во првата влада на Франсоа Оланд, односно во периодот 2012-2014 година, беше заменик генерален секретар на Оланд. Во понатамошната влада, Макрон беше назначен за министер за економија.

Во периодот како министер, Макрон имаше многу добри односи со бизнис кругот. И покрај интензивните спротивставувања и протести, тој успеа да спроведе различни регулативи во врска со работата, со помош на Оланд и тогашниот премиер Мануел Валс.

- Кандидат за влада со едногодишно движење

Макрон го формираше движењето „En Marche“ во април 2016 година, а во август 2016 година даде отказ од својата функција министер.

Тој себеси се опишува како либерален во економските политики, како и левичар во социјалните работи.

Макрон доби поддршка од звучни имиња на СП, како поранешниот премиер Мануел Валс и министерот за одбрана, Жан Ив Ле Дриан. На крајот, тој ја зголеми својата поддршка во јавноста на 23 отсто.

Макрон е познат како талентиран во односите со луѓето и е опишан како прагматичен. Во меѓувреме, тој исто така беше критикуван за својата програма, оценета како неконзистентна.

Се вели дека фактори што придонесоа во развојот на Макрон се препораките за екстремни политики на кандидатот на СП, Бенуа Амон, и обвинувањата за корупција против кандидатот на Републиканската партија, Франсоа Оланд.

Од друга страна, според гласачите, најголемиот проблем на Макрон е младост и недостатокот на искуство на неговата екипа составена од млади политичари.

Една од темите за коишто се дискутира од страна на гласачите е, во случај Макрон да е избран за претседател, тогаш каков перформанс ќе покаже на парламентарните избори коишто исто така се одржуваат оваа година, и кои имиња ќе ја формираат неговата екипа.

Од друга страна, иако двајцата кандидати за претседателски избори се во преден план, нив ги следат Франсоа Филон и кандидатот на екстремната левица, Жан-Лук Меланшон, со поддршка од 19 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.