политика

Хан на средби со политичките лидери во Македонија

Еврокомесарот Хан, во пресрет на посетата на Скопје, апелира да се почитуваат демократските принципи и изборните резултати

Admir Fazlagic  | 21.03.2017 - Обновена : 21.03.2017
Хан на средби со политичките лидери во Македонија ( Admir Fazlagikj/AAy )

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, денеска допатува во официјална посета во Скопје заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, каде што се планирани средби со лидерите на политичките партии кои имаат обезбедено пратенички места во Собранието на Македонија, со цел да направат уште еден обид за излез од политичката криза, јавува Anadolu Agency (AA).

Еврокомесарот Хан заедно со тројцата европратеници најпрвин се состанаа со претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, после тоа следуваше средба со делегацијата на Алијанса на Албанците, а предвидени се средби и со останатите лидери на другите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ. 

Еврокомесарот Хан, во пресрет на посетата на Скопје, апелира да се почитуваат демократските принципи и изборните резултати.

Инаку, ова е втора посета на еврокомесарот Хан на Македонија, по предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември. На почетокот од февруари во Скопје имаше средби со претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, и со лидерите на партиите застапени во Парламентот.

По тогашните средби, Хан порача дека очекува од политичките лидери да демонстрираат демократска зрелост и да донесат одлука во интерес на грѓаните и европската перспектива на земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın