политика

Ципрас до Заев: Мојата Влада е спремна тесно да соработува со Вашата

„Мојата Влада е спремна тесно да соработува со Вашата, со цел да ја зајакнеме нашата билатерална соработка и односи, вклучително и преку тековните мерки за градење доверба", истакнува Ципрас во честитката до македонскиот премиер Заев

Admir Fazlagic  | 22.06.2017 - Обновена : 23.06.2017
Ципрас до Заев: Мојата Влада е спремна тесно да соработува со Вашата (Foto: Arhiva/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас, денеска упати честитка до претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по повод преземањето на премиерската должност,пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Владата на Република Македонија по повод преземањето на должности како премиер, изрази честитки и желби за успех.

„Република Грција останува посветена на промовирањето на стабилноста, безбедноста и соработката во Југоисточна Европа. Врз основа на ова, мојата Влада е спремна тесно да соработува со Вашата, со цел да ја зајакнеме нашата билатерална соработка и односи, вклучително и преку тековните мерки за градење доверба", истакнува Ципрас во честитката.

„Уверен сум дека Вашата Влада ќе покаже политичка решителност да работи на промовирање на позитивна агенда за нашите билатерални односи, оставајќи ги зад себе, еднаш засекогаш, анахронизмите од минатото и фокусирајќи се на иднината на нашите земји и регионот. Во очекување сум на блиска соработка со Вас, почитуван колега", стои во честитката на грчкиот премиер Алексис Ципрас до премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

Потсетуваме, Собранието на Република Македонија на први јуни, на седница на која на дневниот ред беше изборот на Влада, со 62 гласа за, воздржани 5 и 44 гласа против ја избра новата Влада на Република Македонија која ќе ја предводи Зоран Заев.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.