политика

Шеснаесетгодишнина од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Во Република Македонија денес се одбележува 16-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија

Bekim Laci  | 13.08.2017 - Обновена : 13.08.2017
Шеснаесетгодишнина од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Во Република Македонија денес се одбележува 16-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија и се поставија рамки за меѓуетнички соживот во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Преговорите започнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде завршија со парафирање на документот, а истиот беше потпишан на 13 август во претседателската резиденција во Скопје.

Рамковниот договор, познат и како Охридскиот договор, беше потпишан меѓу најголемите политички партии во земјата и специјалните претставници на Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД), кој стави крај на меѓуетничкиот конфликт во 2001 година меѓу двете најголеми етнички заедници во земјата, Македонците и Албанците.

Преговорите кои траеја околу два месеца во градот Охрид, се одржаа под покровителство на тогашниот претседател на Р. Македонија, Борис Трајковски, додека договорот беше потпишан од страна на тогашните лидери на политички партии, Бранко Црвенковски на СДСМ, Арбен Џафери на ДПА, Љупчо Ѓеоргиевски на ВМРО-ДПМНЕ и од Имер Имери лидер на ПДП.

Потписници на договорот, во својство на гаранти, беа и специјалниот претставник на ЕУ, Франсоа Леотар и специјалниот претставник на САД, Џејмс Пердју, кои учествуваа во преговорите. 

По овој повод, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, и заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика, вечер ќе се обратат на централната манифестација организирана во Скопје, по повод 16-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.